НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промовирана книгата на Орданоски- Пресудни години, интервју со Јаков Лазарoски

0
By Биљана Секуловска on October 24, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Авторот на книгата Пресудни години- Интервју со д-р Јаков Лазароски, проминентниот новинар Сашо Орданоски го оценува делото со зборовите: Се работи за првокласен историски материјал.

Орданоски говорејќи за почетоците, за славните времиња на Млад борец, каде работеше како уредник и новинар, под инспиративната палка на Никола Младенов, токму преку еден важен настан, во неколку реченици ја претстави комунистичката матрица на политичарите, во контекст на нивната (не)транспарентност и значајноста на интервјуто како жанр, со кој Млад борец токму и се прослави:

Кога пред отприлика 25 години, во својство на уредник и новинар во „Млад борец“, за прв – а, ќе се испостави, и за последен пат – телефонски му се јавив на покојниот Лазар Колишевски, го прашав дали е расположен за интервју во нашиот неделник. Тој кусо ми одговори: „За вас – не!“. И ми ја спушти слушалката.

…Ако ми е дозволено да нагаѓам, мислам дека токму тоа беше причината што г. Колишевски толку кусо, да не речам грубо, нѐ откачи – не дека не би имал што и како да ни каже, туку ние не бевме доволно официјални за негово евентуално обраќање до тогашната македонска јавност. Штета е што „Млад борец“ и македонската историја останаа покуси за тоа интервју на г. Колишевски.

Но, после 25 години, Орданоски не се предава- важноста од пресудните години не смее да биде потценета, заборавена и премолчена. Му се обраќа на Јаков Лазароски за средба и овој, за разлика од неговиот претходник не му го затвора телефонот:

-Еден од најважните политички актери во тие години – по мое скромно мислење, пресудни години, каков што е и насловот на оваа книга – е мојот соговорник Лазароски. Јас со него се запознав 25 години по тие настани – не дека ми ја затвори телефонската слушалка кога првпат, пред десетина месеци, му се претставив и го замолив за средба, но недовербата, не толку кон мене, колку кон новинарството воопшто, му беше голема: што, сега, после сите поминати години и бројните медиумски напади и разни некоректности на кои беше изложен за време на својот мандат, што, сега, сака овој Орданоски?!

Зошто е значајна оваа книга?

-Во книгата нема да најдете ништо ексклузивно, но по затворањето на кориците ќе сфатите дека се работи за првокласен историски материјал. Да беше оваа власт тогаш, во 80-те, која ќе ја води земјава, немаше да доживееме осамостојување без пролевање на крв, образложува Орданоски.

-Да беше денешнава владејачка гарнитура на власт во втората половина на осумдесеттите, Македонија немаше да излезе од комунизмот, барем не без жртви и големи општествени деструкции. Се плашам дека и денешниов „советски комунизам“ ќе го бранат со сите сили и средства, до последниот кој ќе се охрабри да извикува „Слобода!“ – но и „Каде се парите?“.

Пораката на Орданоски соодветствува со неговиот борбен дух:

– Стравот е најглупавата работа што може да му се случи на човекот! Човекот не е поразен кога ќе го понижат или дури и кога ќе го победат, туку кога самиот, уплашен, ќе реши да се предаде. Јас оваа книга им ја посветувам на оние кои ниту пред 25 години, а ниту денес не сакаат да се уплашат и да се предадат!

Авторот на Пресудни години посочи неколку клучни луѓе кои безрезервно ја дале поддршката: Жана Османли, шефица на Кабинетот на Лазарески во од времето на неговото претседателствување со Претседателството на ЦК на СКМ.

-Долгите разговори со неа за времињата изминати на кои се однесува разговорот со Лазароски, како и нејзината прочуена остроумност и чувството за политичка перспектива, придонесоа за „освежување“ на заедничката меморија и за осветлување на некои аспекти коишто лесно можеа да останат заборавени. Жана беше и остана редок (а понекогаш и „незгоден“) сведок на историјата, без задоцнети разубавувања и замаглувања.

Мојот пријател, британскиот историчар и антрополог Кит Браун, со своите вдахновени дискусии и долгите разговори за важноста на оралната историја, барем делумно беа инспирација за оваа книга.

Конечно, мојата благодарност оди и кон големиот, а ненаметлив македонски филантроп, г. Трифун Костовски, со чијашто финансиска и морална помош овие записи се појавуваат како издание на неговата издавачка куќа „Култура“.

Јаков Лазарески духовито на почетокот на излагањето порача- Не знаев дека сум бил толку добар политичар. Говорејќи за амбиентот и турбулентните години, потсети на стотиците штрајкови и протести со кои се соочувала тогашната гарнитура чиј дел бил и тој, за најголемиот штрајк на Железарци во кој 3.000 луѓе влегле во Собранието, време кога не биле забранувани штрајкови и протести.

-Но, тоа е и период кога се стимулираше мистифицирана национална историја, измислени национални симболи, се разгоруваше непотребна национална поделба која трае до денес.

Aкадемик Таки Фити како промотор, ја подвлече важноста од фактот што со свое сведоштво излезе Јаков Лазароски, човекот, како што го квалификуваше Фити, загушуван да ги каже сопствените придонеси во поновата македонска историја.

-Ова е мајсторски водено, направено интервју, поставени се сите пријатни и непријатни прашања и на нив е одговорено.

Другарот и колега на Сашо Орданоски, Ѓунер Исмаил, промотор на книгата ја нарече компетентна книга на двајца автори:

-Оваа книга ќе биде читана помеѓу редови исто така, неверојатно прецизно се чита историјата и не предупредува како се случила експлозијата на настаните кои влијаеа и денес.

Исмаил предупреди на крадците на историјата, онаа која сега ни се промовира, со полу-пијани, полу-замаглени погледи од сосеството, полу-конспиративна и што ќе добиеме- последици во кои амбиентот е затруен, нашите деца се затруени, никој нема да профитира.

Извадок од книгата:

Орданоски: … Кој ви беше првиот впечаток за Георгиевски?

Лазароски: На него гледав како на млад, харизмтичен лидер кој на 24 возраст ја основа и застана на чело на ВМРО-ДПМНЕ, партија која одигра значајна улога во осамостојувањето на Македонија

… Она што можам да го забележам за почетокот на осамостојуавњето на Македонија и за улогата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиноот лидер е неприфатливото политичко маргинализирање и антифашизмот и на НОВА, како услов без кој не можеше да се воспостави државноста на Република Македонија.

Во таа тенденција гледам некој вид имитација на западните демократии, кога антикомунизмот го изедначуваат со антифашизам и тоа спротивно на нивниот прокламиран демократски став.

Всушност, тие комунизмот и фашизмот го поистоветуваат. Со критиката на комунизмот, како генерално тоталитарен систем на владеење, се напаѓа и КПЈ и КПМ, кои одиграа пресудна улога на антифашистичката борба и во создавањето на македонската држава…

… Повеќе од половина век живеење, работење, создавање на невиден елан и ентузијазам и постигнато завидно ниво на економски и вкупно општествен развој во Македонија- тоа не може едноставно да се негира и поценува.

Сигурно е дека животот во Македонија не почнува од деведесеттите години!






Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.