НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Црниот Понеделник – настан на годината

0
By Биљана Секуловска on January 17, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


ОВОЈ ТРАНСКРИПТ МОЖЕ И ДА НЕ Е ФИНАЛНА ВЕРЗИЈА И ТАА МОЖЕ ДА БИДЕ ОБНОВЕНА.

Изјава од Проф. Денко Малески, Св.Кирил и Методиј

Да не се случеше она што се случи во Македонскиот Парламент, ќе ме ставевте на мака и ќе морав да подразмислам навистина за настаните. Но овој настан, кога демократијата се суспендира на еден начин кој што мислам дека е без преседан секако во европската парламентарна демократија, а не се сеќавам на такви примери ни во светската парламентарна модерна демократија- тој фрли една темна сенка врз сите настани на годината.

Под таа сенка ќе живееме и во наредната 2013 год. Ние удривме во еден ѕид во кој мислевме дека е далку од нас. Ние никако не можеме своето поведение, политичко па и секојдневно, на други нивоа, не само на нивото на парламентот да го ускладиме со она што се вика дем и фер поведение. Во првиот случај строго почитување на процедурата, бидејќи освен процедурата ние никогаш нема да знаеме кој ќе биде финалниот исход на една дебата и од друга страна фер поведение, мислејќи дека станува збор за политичка култура. Во случајот со нашиот парламент се виде дека политичарите на Македонија не ја знаат елементарната азбука на демократијата.

Демократската држава денес не е машина за правење на закони кои се применуваат врз населението и опозицијата, туку демократската држава е центар за помирување на интересите, на тој плурализам на интереси. Во спротивно ќе завршиме како египетската демократија, која сега ги прави пр вите чекори, па нивниот претседател и интелектуалците околу муслиманските браќа кои ја оправдуваат власта велат –па нели победивме на избори. Е, ако е тоа победа ние можеме да правиме се. Не е така. Во едно плуралистичко општество дијалогот, компромисот, собирањето на луѓето околу заеднички цели, тоа е улогата на демократскиот политичар.

Конечно во таа наредна година ќе почнеме да учиме дека една демократија се вреднува по односот кон оние што се во малцинство, кон нив се однесува демократијата. Работи кои тешко ќе ги апсолвираме во оваа македонска политика која се уште го има тоа ориентално и авторитарно наследство- измама, подметнувања, заговори. Сите тие работи водат кон конфликт.

Оваа рана на телото на македонската политика што е направена може да се залечи релативно бргу доколку сите фактори го сфатат значењето. Не верувам во таквото поведение. Затоа што, да речеме, не може да се очекува дебата за одговорност. Да сум премиер, прво што би побарал е оставка од тие што ја дале наредбата, а потоа би си подготвил терен за сопствено повлекување. Не е можно во една демократска земја да се поништува принципот на опструкција кој е легален. Опструкцијата е легална, легално средство, во Америка се нарекува филибастер (filibuster). Тие што не се согласуваат, или сакаат нешто да кажат, го пролонгираат, го одложуваат, го запираат донесувањето на еден закон со цел да им се овозможи да го изразат своето незадоволство и да се бара решение.

Изјава на Петар Гошев, поранешен Гувернер на Народна банка

Поранешниот Вице-Премиер говорејќи за 2012 го издвојува штрајкот на лекарите како светол пример во демократска смисла. Песимист е за иднината на Македонија ако нешто крупно не се промени, имајќи ги на ум инцидентите во Парламентот од 24 Декември, 2012.

Не беше година за веселба ниту во светот, ниту во Македонија, бидејќи се живее најголемата криза после кризата од 1929, 1930 година од минатиот век. Имаше повеќе настани во светот, имавме Олимпијата во Лондон, огромен спектакл, успешен спектакл каде што се зближуваат народите, спортистите од сите земји. Имавме напнати избори во Америка, многу значајни, во кој правец ќе оди Америка. Имавме исклучителни избори во Франција, имавме Параолимпијада со учество на Македонија.

Ја имавме, јас повеќе ги преферирам резултатите на полето на напредокот на демократијата, бидејќи од тоа многу зависи во кој правец светот се одвива и дали ќе има помалку или повеќе убави настани во текот на живеењето на една година или еден период. И тука не можам да ја прескокнам т.н Арапска пролет, почнувајќи од Либија, Тунис, Мароко, Египет, итн., каде што се случува едно огромно будење против деспотијата во тој регион. Тоа ќе оди се разбира, со големи проблеми, не се инсталира лесно демократија, ние го имаме сопственото искуство, иако на едно подруго ниво од она што е арапското, претежно арапското, но тоа е голем резултат, говорејќи регионално и за светот. Таму имаше херојски пробиви на граѓанската свест, иако Кина можеби е два чекори назад, но во секој случај процесот е тргнат и тоа мошне добро.

Во Македонија за жал најголем настан е негативниот настан, она што се случи во Парламентот и околу Парламентот. Тоа е чекор назад за развојот на демократијата во Македонија. И доколку нешто крупно не се промени, чекорите на Македонија одат во спротивна насока од таа што ние сакаме. Исто така поврзано со демократијата, крупен настан кој не може да се заобиколи е штрајкот на лекарите. Тоа е исто така крупен чекор затоа што можеме јасна оценка да дадеме за синдикалното движење, за здруженијата, за социјалните слоеви како во овој период се малку ентузијастички расположени и организирани да се борат за своите права. Ова е еден светол пример во сивилото, во апатијата, можеби во исплашеноста.

На поединечен план не можам да ја прескокнам фантастичната Биковска која освои злато, а ние сме во многу ретка ситуација кога Македонија на меѓународно ниво да се закитиме со такво одличје. Тој резултат на индивидуалец, на една жена е драстично поголем ако се има предвид во какви услови воопшто егзистира спортот во Македонија. Бидејќи општите услови се исклучително лоши. Да направите таков индивидуален резултат тоа значи дека пред се тоа ви припаѓа вам, лично. Не можам да не го спомнам кога се работи за одвојување на резултат на една личност.

Проф. Владимир Милчин, Факултет за драмски уметности

Ќе почнам од овој што е поновиот, што јас го нарекувам црн понеделник а тоа е нешто што мислам дека тежи државен удар, со тоа што кај нас перверзијата е што државниот удар го изведува власта. Практично операцијата што беше направена за власта најпосле да добие одврзани раце за трошење пари кои ги имаме и кои ги немаме за да може да се одржи на власт. Практично, власта презеде операција за елиминација на опозицијата, што самото по себе, се разбира повлекува замолчување комплетно на се што е критичка мисла во државата. Вториот настан кој е врзан со овој, некако ако почнам да ги набројувам настаните, веројатно ќе треба да се вратам на А1, на нападот на А1. И тука има еден континуитет кој покажува дека власта се повеќе и повеќе си дозволува, се повеќе и повеќе го надминува она што е нормален а и легален со закон дозволен мандат и полека узурпира се што постои во државата.

(Еден од примерите, моја заб.) Тоа е лустрацијата, која ни се случува во 21-от век како една мрачна репетиција на инквизицијата. Имате една група луѓе кои се викаат Комисија за верификација на факти, кои де факто не верификуваат факти, туку надгласувајќи се аминуваат налози кои доаѓаат од самиот врв на извршната власт. При тоа го газат законот, третата верзија од законот, таа иста трета верзија пред извесно време комплетно е оспорена од страна на Венецијанската комисија, која еверојатно најкомпетентното тело во Европа, кога се работи за Устави, спроведување на Устави. Тоа беше скриено, де факто се што е официјален или близу до официјален медиум во државата или го премолчи или го сведе на минимум.

Досиеја на следени луѓе, во мојот случај заради анархо-либерализам, учество во студентски демонстрации, организирано и континуирано делување за уривање на уставниот поредок- јас говорам сега за крајот на 70-те години и првата половина на 80-те години. Сега тоа досие се користи за одново практично да бидам изложен на шиканирање. Зошто е шиканираше- практично јас сум професор во пензија веќе, од 15-ти Септември, немам јавна функција. Се работи само за шиканирање и дискредитирање на човек кој кажува што мисли, критички што и забележува на оваа власт.

Она што во моментов се случува е тоа дека правото што законот ми го дава мене, а тоа е јас да ја тужам одлуката на Комисијата на Управниот суд. Таа работа сега се тегне со месеци, наместо како што вели законот, по итна постапка да биде одлучено, како што тоа се случуваше и лани, ова е репетиција на ланската приказна- неколку месеци немаше одлука, до моментот додека Уставниот суд не го поништи законот. Со самото тоа Управниот суд ја поништи одлуката на Комисијата, меѓутоа не влезе во разгледување на фактите. Затоа, Комисијата одново, по инерција нели, го повтори своето решение, иако тоа е веќе потполно бесмислено.

Меѓувремено, според некои документи кои ги добив од добронамерни луѓе се покажува точно целата операција и таа наскоро ќе ја претставам пред јавноста. Мислам дека тоа докрај точно ќе покаже како функционира оваа полициска инсталација во Македонија.
Предвидувања за 2013: Ќе биде полоша и потешка од 2012. Пред се во економска смисла, мислам дека Македонија и понатаму ќе тоне. Неодговорното расфрлање со пари што ги имаме и пари што ги немаме, неодговорното задолжување на граѓаните на Македонија, зошто ние ќе го платиме цехот на крајот ја турка Македонија во бездна, во една криза која може да доведе дури до тоа Македонија да исчезне како држава.

Секуловска: Политички?

Милчин: Да, во таа смисла. Не сме ние држава која во овој момент има толку потпирачи во некакви меѓународни организации за да може да преживее, како што веројатно ќе преживее Грција, многу тешко, меѓутоа ќе преживее.

Секуловска: Во контекст на меѓуетнички односи и тензии или тоа ќе биде комбинација?

Милчин: Мислам дека тоа ќе биде комбинација. Се покажува дека всушност она што сега се случува мислам дека може да има еден мал плус а тоа дека може да доведе до солидарност на оние кои се свесни што се случува, без оглед на нивната етничка припадност.
Една од убавите работи годинава е изјавата, не во наше име, на групата албански интелектуалци. Мислам дека тоа е голем плус. Чув дека група интелектуалци се има изјаснато. Така што, може да се случи ова да ги натера луѓето да престанат да гледаат сеир кога злото му се случува на другиот. Тоа нема веднаш да добие некакви масовни размери, меѓутоа мислам дека тоа е една од позитивните работи.

Сашо Орданоски, новинар, политички аналитичар

2012 ја одбележа настанот во Парламентот, тоа е практично крајна фаза во македонската политика. Според мене ништо повеќе нема да е исто од она што било пред тие настани, и сега ова потоа, кои одбележуваат практично еден распад на еден систем на владеење, кој се покажува дека не може да ја модернизира ниту да ја однесе државата во прогрес. Тоа е во суштина еден систем во кој се прави само една нова редистрибуција на економската моќ, значи парите се земаат од други места и се носат на свои места. Тоа ја тангира една нова нова елита создадена од ВМРО на власт, но уште повеќе еден многу мал слој од таа елита, бидејќи големите пари сепак завршуваат кај еден многу мал слој, кој што сите ние кои плаќаме данок или на било кој друг начин придонесуваме за државата ги алиментираме.
Сега тоа е еден паразитски во суштина механизам, којшто повеќе ќе нема од каде да цица. Заради тоа е осуден да бара пари надвор од самиот систем, тоа значи кредити од комерцијални банки, од развојни институции светски итн. И кога тука ќе им чепнете, кога ќе им ставите до знаење дека повеќе не прифаќаме на наша сметка да се богатите, тие реагираат со специјални полициски сили. И тоа е она што тој настан го прави значаен, не само заради тоа што е брутален и што ќе ни остане во меморијата општествена, историска, државна, како еден многу непријатен настан, туку затоа што претставува врв и веќе од тука натаму ќе оди се надоле за тој паразитски систем.

Предвидувања за 2013 година: Во голем дел ја одредува иднината и таа иднина сега повеќе нема да може да биде само конфликтна. Ние стигнавме до тука бидејќи системот подразбираше решавање на проблеми само по пат на конфликт. Тоа е типично за владеење од позиција на фрустрација. Кога го водите општеството од позиција на фрустрација, неоствареност, нејаснотии во главата, идентитетски проблеми, на секое ниво, лично, сексуално, партиско, национално, етничко, какво сакате, верско итн. Од таква фрустрирачка позиција вие се однесувате фрустрирано и ги решавате општествените проблеми само низ конфликт. Со други зборови: или ќе биде така како што јас кажам или нема да биде. И кога ќе видите, сите проблеми во општеството се решаваа само на начин на конфликт. Само јас како ќе кажам. Американците велат- Или на мојот начин или никако (Either my way or highway). Тоа не доведе до овде. Од тука натаму конфликтот или ќе расте, а ние веќе сме едно длабоко поделено општество во кое што конфликтот е многу дневен настан, не е веќе конфликт само на највисоко ниво, туку е на сите нивоа конфликт. Или ќе мора да се најде нов начин со посредници како тој конфликт да почне полека да се затвора. Тоа подразбира дека или ќе дојде до затворање на конфликтите и ќе почне да се оди по една друга линија на разговор во општеството или овој конфликт ќе доживее многу повисока катарза од оваа што ја видовме (со инцидентот во Парламентот, моја заб.).

Др. Дејан Ставриќ, претседател на Синдикатот на лекарите

Настан бр.1 за 2012 далеку пред сите, за жал е настанот во Собранието кое доведе до исфрлање на новинарите и пратениците и можам да кажам дека делот со пратениците е до некаде виден, се разбира, без исфрлање на исфрлање физичко на пратеници од Собрание и може до некаде да се сфати како политичко ривалство итн. Меѓутоа, исфрлањето на седмата сила од Собрание, од собраниска седница, дефинитивно претставува затворање на очите и ушите и сите сетила на целокупното граѓанство, на сите нас. Значи тоа е удар не само врз новинарите и журналистиката, туку и по целокупната демократија и граѓанство.
Да не бидам субјективен, меѓутоа мислам дека тоа (штрајкот на лекарите, моја заб.) е вториот настан, кој е во позитивна конотација настан на годината 2012. Мислам дека тој настан многу кажа, многу покажа, договорот се уште не е дефинитивен, значи не е дефиниран, штрајкот во моментов е ставен во мирување, од повеќе соображенија, се разбира под одредени услови кои треба да бидат потпишани деновиве, да влезат во анекс на колективен договор. Меѓутоа, сам по себе како феномен штрајкот дефинитивно искристализира кој се бори во една професија за својата професија, за своите права и кој во еден вака лошо поставен систем е задоволен и за кого пред се се партиската и некоја друга определба, а на второ или на десетто место му е професијата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.