Македонија и пристапувањето: како успејаа/преовладејаа аргументите на поддржувачите на преговорите за рано пристапување
Кога земјите членки на ЕУ се собраа минатата недела за да ги разгледаат заклучоците на Советот поврзани со Македонија, се издвоија два блока на земји членки со две верзи на овие заклучоци. За да се разбере чии аргументи преовладејаа – и како да се процени што се случи – важно е да се погледне отаде лесните заклучоци и подлабоко да се разгледаат и двата предлога.
Од една страна, постоеше мнозинство на земји членки кои го користеа многу позитивен јазик/дискурс. Овие земји се надеваа дека можат да предизвикаат проактивна иницијатива од страна на Комисијата во однос на подготовка на теренот за отпочнување на пристапни преговори за ЕУ со Македонија веќе во јуни 2013. Тие се надеваа дека на крајот и Грција и Бугарија ќе се согласат дека ова е исто така во нивен интерес… дека ова е навистина прашање каде сите страни може да бидат добитници.
Во драфтот на заклучоци на Советот од оваа група, даден е конкретен датум за можно отворање на преговорите за пристап – јуни 2013. Во оваа верзија се наведува дека Советот треба да го испита идниот развој на Македонија врз база на извештајот на Комисијата пред Јуни 2013. Потоа тој бара од Комисијата да поднесе во „навремен рок“ (со други зборови според сопствено наоѓање, што значи дека може да почне да работи на него веднаш на почетокот на 2013) предлог рамка за преговори, која треба да е готова до јуни 2013. Исто така Советот ја повикува Комисијата веднаш да почне со „аналитички преглед на акијата“ (или со тн скрининг).
Подолу се приложени клучните параграфи на овој максималистички предлог, поддржан минатата недела од повеќето земји членки и од страна на Комисијата:
3. Советот во голема мера се согласува со проценката на Комисијата дека политичките критериуми продолжуваат да бидат задоволително исполнувани и ја зема предвид препораката да бидат отворени преговорите за пристап со Бившата југословенска република Македонија.
5. Земајќи го предвид можното отворање на преговорите за пристап со Бившата Југословенска Република Македонијаво Јуни 2013, Советот ќе го испита напредокот во имплементацијата на реформите во контекстот на Високо ниво на дијалог за пристап, врз база на извештајот кој треба да биде презентиран од страна на Комисијата во првата половина на 2013. Комисијата е поканета да достави во навремен рок и предлог рамка за преговори со Бившата Југословенска Република Македонија во согласност со заклучоците на Европскиот Совет од декември 2006 и во согласност со воспоставената пракса, која исто така ги зема предвид добрососедските односи. Имајќи го предвид и новото гледање на преговорите за пристап кое се однесува на поглавјата за судството и фундаменталните права, правдата, слободата и сигурноста, Комисијата е исто така повикана да спроведе процес на аналитички преглед на акијата на ЕУ поврзани со овие поглавја.
Соочена со ова, Франција, поддржана од многу помал број од останатите членки на ЕУ, минатата недела даде контра предлог. Оваа верзија го проценува напредокот на Македонија помалку позитивно (Советот не ги дели позитивните оценки на Комисијата во „голема“ туку само во „широка“ смисла/мера). Минималистичкиот предлог ги отстранува референците за каков и да е конкретен датум. Во недефиниран иден момент, Европскиот Совет треба уште еднаш да реши и да ја покани Комисијата да приложи предлог рамка за преговори. Ова би се случило само “ако сите услови се исполнети“, што како термин не е објаснето. Минималистичката верзија наведува дека со цел да отпочне скринингот потребна е уште една одлука од Советот, која би ја задолжила Комисијата да го стори тоа. Засега Комисијата не добила мандат да стори што и да е додека не добие дополнителни насоки.
Еве го во целост и текстот на минималистичката верзија:
3. Советот во широка смисла ја дели оценката на Комисијата дека политичките критериуми продолжуваат да бидат задоволотелно исполнети и ја зема предвид нејзината препорака за отворање на пристапни преговори со Бившата Југословенска Република Македонија.
5. Пред отворањето на преговорите за пристап со Бившата Југословенска Република Македонија, ќе биде донесена одлука која ќе биде навремено разгледана од страна на Советот, во согласност со воспоставената практика, Советот ќе продолжи да го следи напредокот во имплементацијата на реформите, вклучувајќи ги во контекстот на Високото ниво на пристапниот дијалог. Откако сите услови ќе бидат исполнети, Европскиот Совет ќе ја повика Комисијата да поднесе предлог рамка за преговори со Бившата Југословенска Република Македонија, во согласност со заклучоците на Европскиот Совет од декември 2006 и во согласност со воспоставената практика, која ги зема предвид и добрососедските односи. Земајки го предвид и новиот присрап кон преговорите во однос на поглавјата за пправосудството и фундаменталните права, правдата, слободата и сигурноста, Европскиот Совет исто така ќе ја покани Комисијата да го спроведе процесот на аналитички преглед на акијата на ЕУ кои се однесуваат на овие поглавја.
Значи, што навистина се случи овде? Во сите ЕУ преговори вообичаено постои однос на давање и земање. Сепак, ако се погледне конечниот текст на Заклучоците на Советот, може јасно да се види дека максималистичкиот предлог беше и победнички предлог.
Во финалниот текст беше договорено следново:
– Советот „во голема мера” (не „широко”) го дели позитивниот поглед на Комисијата според кој Македонија е спремна да ги започне преговорите (максималистичката верзија).
-Советот ја задолжува Комисијата да почне веднаш со работа на извештај кој ќе биде издаден „напролет во 2013”, „со поглед на можна одлука на Европскиот Совет за отворање на преговори за пристап”.
– Советот се обврзува дека ќе го оцени извештајот во „текот на следното претседателство”, т.е. пред јули 2013.
– Ако оценката е позитивна, Комисијата ќе биде повикана да поднесе „без одложување” (со др. зборови – колку што може побрзо) рамка за преговори.
– Под услов оценката да биде позитивна, Комисијата ќе биде повикана да почне преглед на двете поглавја, т.е. да го започне прегледот пред почетокот на преговорите.
– Советот дури и „зема предвид” дека Комисијата „ќе ги спорведе сите потребни подготовки по ова прашање” … што значи дека Комисијата може да почне веднаш да ги подготвува и рамката за преговори и скринингот.
Погледнете го и конечниот текст на заклучоците и одговорот на прашањето чии аргументи излегоа како конечни победници станува очигледен:
40. Советот во голема мера ја дели оценката на Комисијата дека политичките критериуми продолжуваат да бидат остварувани во задоволителна мера и ја зема предвид препроаката за отпочнување на преговори за пристап со Бившата Југословенска Република Македонија.
42. Имајќи ја предвид можната одлука на Европскиот Совет за отворање на пристапните преговори со Бившата Југословенска Република Македонија, Советот ќе ја испита, (врз база на извештајот на Комисијата поднесен напролет во 2013), имплементацијата на реформите и контексотот на ХЛАД, како и чекорите кои се преземаат за да се промовираат добрососедските односи и да се постигнат договорените и заеднички прифатените решенија за прашањето за името под закрила/auspices на ОН. Со една ваква перспектива, Советот ќе го оцени извештајот во текот на следното Претседателство. Ако оценката е позитивна, Комисијата ќе биде повикана од страна на Европскиот Совет да: (1) да поднесе без одложување предлог рамка за преговори со Бившата Југословенска Република Македонија, во согласност со заклучоците на Европскиот Совет од декември 2006 и во согласност со востановената пракса;(2) да го спроведе процесот на аналитички преглед на акијата на ЕУ почнувајќи со поглавјето за судството и фундаменталните права, правдата, слободата и сигурноста. Советот ја зема предвид намерата на Комисијата да ги спроведе сите неопходни подготовки по однос на ова прашање.
Оригиналниот план на Комисијата и на земјите членки кои ја поддржаа максималистичката верзија беше да создадат нов моментум кој би бил покренат од овој Совет. Тие успејаа во ова своја намера.
– Комисијата може веднаш да започне со подготовка на својот „пролетен извештај” кој Советото ќе го оцени пред јули 2013.
– Комисијата може веднаш да почне со подготовка на аналитички преглед на двете поглавја како и со подготовка на нацрт предлогот за преговорите.
– Откако Советото ќе го прифати позитивниот извештај на Комисијата, Комисијата ќе ја поднесе рамката за преговори „без одложување”.
Сепак еден основен факт очигледно е непроменет: Грција ќе треба да се согласи со отворањето на преговорите за пристап. Да се очекува нешто поинакво отсекога било нереално. Надежите на се залагаат за отворање на преговорите за пристап имаа за цел да го поттикнат процесот за изнаоѓање на решение на прашањето за името во пр вите неколку месеци на 2013. И поддржувачите на брзото отворање на преговорите и минималистите се согласија во однос на овој параграф без расправа:
41. Како што е наведено во заклучоците на Европскиот Совет од јуни 2008, одржувањето на добри добрососедски односи, вклучувајќи го тука и договороноте и заедничи прифатено решение на прашањето со името, под покровителство на ОН, останува од есенцијално значење. Постои потреа да се доведе долготрајната дискусија за прашањето за името до конечен заклучок без одложување. Советот го поздравува позитивниот импулс кој се создаде по неодамнешните контакти/размени помеѓу двете страни, а кој уследи по грчкиот предлог за меморандум за разбирање. Советот е уште повеќе поттикнат по неодамнешните контакти остварени со медијаторот на УН.
Овдека важно е следново: ако има позотовен извештај од страна на Европската Комисија, кој би бил проследен со соодветно придвижување поврзано со прашањето за името и со добрососедските односи, сите подготовки веќе ќе бидат направени за да може задачите поврзани со преговорите за пристапувањето да бидат спроведени во 2013 без одложување.
Јасно е дека приситокот е зголемен уште повеќе, а се со цел да сенарави сериозен напор за изнаоѓање на решениње на почетокот на 2013. Овок притисок се однесува на сите: и на КОмисијата, и на заинтересираните земји членки на ЕУ, но пред се на Скопје и Атина. Сепак, фактот дека Грција ги прифати овие заклучоци, е уште еден мал позитивен знак.
Од самиот почеток, Европската Комисија се надеваше дека ќе успее да ја поттикне потрагата по заеднички прифатливо решение на прашањето за името. Комисијата и најголемиот број земји членки, се залагаа за датум за преговори во заклучоците, тогаш кога преговорите за прием би биле отворени. Сега постојат два датуми во заклучоците: извештајот на Комисијата за напредокот кој треба да е доставен до „пролет” (април) со можност за отпочнување на преговори за пристап; и оценката на за ова која треа да е готова „пред почетокот на новото претседателство” (пред јули).
По иницијатива на Бугарија беше вметнат и дополнителен параграф:
Во светлината на севкупното значење на одржувањето добрососедски односи, Советот исто така ги зема предвид неодамна остварените контакти на високо ниво помеѓу Бившата Југословенска Република Македонија и Бугарија и го очекува нивното спроведување/превеедување во конкретни активности и резултати.
Со други зборови ова значи: ако постои договорено решение на прашањето за името во блиска иднина, и ако има „конкретни активности и резултати“ произлезени од состаноците на високо ниво со Бугарија до 2013, а „пред идното претседателство” или многу рано во него, целта за отпочнување на преговорите на почетокот на април останува во функција. Овие претставуваат едно големо и едно (малку) помало – ако. Но фокусираните напори на Комисијата и земјите членки кои го поддржуваат отворањето на пристапните преговори во скоро време, го подготвија теренот за многу понадежно поле за дејствување и пробив какви што немало од поодамна. Она што сега е потребно е сериозно и имагинатвно решение на прашањето за името пред заврувањето на извештајот на Комисијата „напролет”; решение кое им овозможува и на Атина и на Скопје да го отклучат моментално деструктивната пат позиција на начин на кој и двете влади ќе бидат во состојба да го одбранат пред домашните/своите електорати.
Советото беше само вежба за загревање. Сега почнува вистинската игра. Скопје и Атина се соочуваат со затвореничка дилема: ако ниту една од страните не верува дека решението е можно, и ако постапува во согласност со ова убедување, и двете страни ќе загубат. Ако пак и двете страни преземат сериозно вкалкулиран ризичен чекор во потрага по заеднички прифатливо решениеи и двете страни може да победат.
Како и да е, до пролетта 2013 ќе го знаеме исходот … се надеваме тоа ќе се случи порано отколку подоцна.