НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата планира темели на новиот клинички центар до крај на годинава

0
By Нова ТВ on May 9, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од Владата денеска информираа дека до крајот на месецов  ќе се знае почетната финансиска конструкција за изградба на новиот клинички центар по завршување на физибилити студијата и доколку се исполни панираната динамика неговите темели да се стават до крајот на годинава.

Физибилити студијата ја изработува АХАСЕ, австриската агенција за здравство, во согласност со меморандумот меѓу австриското Министерство за техника и нашето Министерство за здравство што е бесплатна техничка помош.

-Оваа физибилити студија ќе биде завршена до крајот на мај и ќе се знае точната финансиска конструкција која во текот на времето може да претрпи измени, но почетната ќе се знае до крајот на мај. Тоа што две недели порано го иницираме процесот значи дека нашите институции во овој период ќе се обратат до меѓународни финансиски организации и меѓународни банки за изразување интерес,  информира портпаролот на Владата Миле Бошњаковски, по вчерашното усвојување на информацијата за изградба на клиничкиот центар на владина седница.

Бошњаковски додаде дека доколку се задржи оваа динамика до крајот на оваа година ќе се стават темели на новиот Клинички центар. Се планира тој ќе биде на пет нивоа на вкупна површина од 102 илјади метри квадратни, ќе има околу 1.300 болнички легла, 20 операциони сали, четири ангиографски сали, 65 амбуланти за специјалистичко-консултативни дејности.

Тој појасни дека на вчерашната седница задолжено е Министерството за финансии во соработка со Министерството за здравство да изготви барање за изразување интерес за заем до финансиски институции и билатерални кредитори и странски комерцијални банки за финансирање на изградбата на новиот Клинички центар. Истовремено министерствата за здравство и за транспорт и врски се задолжени да ги дефинираат надлежностите на јавните претпријатија со цел непречено и навремено да се реализира изградбата на новиот Клинички центар во месноста наречена Велеполе во општина Ѓорче Петров.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.