НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Полска: Се надеваме дека ЕУ ќе го препознае напредокот на Северна Македонија

0
By Нова ТВ on May 14, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија исклучително добро напредува на патот кон Европската унија. Таа е позитивен пример на земја која направи голем чекор напред. Затоа се надевам дека ЕУ ќе го препознае тој напредок и ќе го вреднува со датум за преговори за членство, рече заменик министерот за надворешни работи на Полска Шимон Шинковски вел Сек, на денешната средба со новинарите.

Тој  е оптимист, а неговата земја, како што вели, е голем поддржувач на политиката на проширување на Европската унија. Но, додава, тоа не е само нивна одлука и затоа ќе треба да се почека ЕУ да ја донесе во јуни.

-Навистина сум ипресиониран како земјата напредува во реформите изминатите години. Ние имаме големи проблеми во Западен Балкан, но кога бараме земја пример за успех, земја која успеа да направи реформи и голем чекор напред во евроинтеграцискиот процес тоа е Северна Македонија. И не е во прашање само Преспанскиот договор,туку и внатрешните реформи, кои укажуваат дека има можност балканскиот регион да се доближи до ЕУ, потенцира тој.

Смета дека секоја земја треба да биде оценувана засебно за напредокот. Мое мислење е, вели тој, дека секоја земја треба да биде третирана индивидуално и се надева дека така ќе биде оценуван прогресот.

Доколку Европската унија не даде датум за почеток на преговори, според заменик министерот на Полска, главна задача на неговата земја ќе биде да постојано да дава импулси и постојано да упатува на тоа дека  политиката на проширување е нешто на што не треба да се заборави, ниту да се остава настрана.

-Важно е да се даде импулс на Регионот и да се даде вистинска поддршка, а тој да учествува во дискусиите за проширување во иднина. Иако преговорите не бидат отворени мислам дека политиката на проширување и натаму треба да се поддржува и тоа ќе биде главната задача на симитот за Западен Балкан во Познан, во рамки на Берлинскиот процес. За нас овој процес не е алтернатива на проширувањето на ЕУ, туку нешто што ги надополнува активностите на Комисијата, дава поддршка на реформите и дава придонес во напредокот на Западен балкан на европскиот пат, рече заменик-министерот за надворешни работи на Полска.

Според него, проширувањето со нови земји членки, дури би можело да биде решение на одредени проблеми што во моментов ги има Унијата. Затоа, додава, земјите кои како Полска се најголеми поддржувачи на зголемувањето и треба да го искористат Берлинскиот процес како импулс во натамошните чекори за проширување.

Полскиот амбасадор во Скопје, Војчех Тичињски, кој присуствуваше на средбата, вели дека земјава не смее да има став дека реформите ги прави заради Брисел, туку пред се за себе, оти така ќе обезбедат подобар и поквалитетен живот за своите граѓани. Многу е важно, рече во ЕУ да се влезе подготвен и тоа да се направи во пристапниот процес, кога потенцира и се случуваат најголемите промени.

Во рамки на Берлиснкиот процес активностите ќе бидат од сферата на економијата, поврзаноста на земјите од Западен балкан меѓусебе, како и со земјите членки на ЕУ, развојот и улогата на цивилното опшество, безбеноста и борбата против корупцијата  и безбедноста. Ќе се работи на зајакнување на билатералните односи на двете земји, туризмот и екпономската соработка. Самитот во рамки на Берлинскиот процес ќе се задржи годинава во познан, Полска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 12 отсто од жителите на ЕУ пријавиле загадување во нивната околина

September 1, 2025

Автопревозници во БиХ ги блокираа патиштата, царинските терминали и граничните премини

September 1, 2025

Во Србија се одбележуваат 10 месеци од падот на бетонската настрешница на железничката станица во која загинаа 16 луѓе

September 1, 2025

Продолжува уривањето на дивоградбите и на албанското крајбрежје – Рама најавува и нови мерки

August 31, 2025

Невреме ја погоди Албанија – прекин во воздушниот, поморскиот и на делови од патниот сообраќај

August 30, 2025
ФОКУС

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

ВЕСТИ September 1, 2025

Нема краток пат до евроинтеграцијата – потребни се лидери за кои реформите се над секојдневните…

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Кочани: 20-ти Марш на ангелите: Нашите деца загинаа затоа што системот потфрли

August 31, 2025

Украинската војска погоди две рафинерии за нафта во Русија – детонации, пожар и штета на објектите

August 30, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.