Премиерот Никола Груевски, сака итно да си обезбеди по заминувањето од функцијата да има право на лично обезбедување од шест лица вработени во организационата единица за обезбедување на лица и објекти во Министерството за внатрешни работи, како и право на користење на службено возило и возач.
Тоа е содржината на новиот Предлог на закон за дополнување на Законот за Владата на Република Македонија, кој в понеделник влегува во собраниска процедура и треба да се донесе по скратена постапка.
Интересно е дека предлог-законот пропишува премиерот на кој му престанала функцијата сам да ги избира своите обзезбедувачи.