НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Човечкиот фактор“ – ДА за родова еднаквост

0
By Влатко Чаловски on November 17, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Асоцијацијата за напредок, едукација и лобирање (НЕЛ) во клубот ГЕМ во Скопје, викендов организираше еднодневен семинар за родови односи во рамките на проектот „Човечкиот фактор“, поддржан од Европската Фондација за Млади.

На семинарот учествуваа 30 млади луѓе на возраст од 16 до 28 години, кои дискутираа на различни теми поврзани со родовите односи на локално, национално и интернационално ниво.

– Семинарот беше можност за младите да го споделат своето знаење, искуство, но и своите идеи и предлози за надминување на разликите, дискриминацијата, родовата нееднаквост, нетолеранцијата и родовото насилство, вели Андријана Штериова, претседателка на Асоцијацијата НЕЛ.

Активностите беа базирани на принципите на неформалното образование, а во рамките на проектот беше презентиран и календар кој ја промовира родовата еднаквост.

„Евалуацијата на семинарот покажа дека тој беше успешно релизиран и учесниците задоволни од знаењето и искуството кое го стекнаа пројавија интерес за активно учество на локално и интернационално ниво. Со цел да продолжиме на јакнење на капацитетот на младите, нашата организација ќе продолжи со организирање на други настани во периодот кој следи“, потврди Штериова.

Еднодневниот семинар е дел од проектот „Човечкиот фактор“, во чии рамки се организираат 10 локални настани со иста тематика во: Романија, Англија, Албанија, Србија, Турција, Грција, Бугарија, Полска, Литванија и Македонија. Семинарот во Скопје е трет по ред од серијата локални семинари по кој во наредните две недели ќе следат останатите седум во преостанатите држави.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.