НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Добредојде Поповски, добредојде министре за вистина

0
By Биљана Секуловска on July 27, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Сегашниот британски премиер, Борис Џонсон, во 2016 г. изјави дека Британија и дава на ЕУ 350 милиони фунти неделно. Оваа изјава, дадена за време на кампањата за Брегзит, ги красеше автобусите кои беа користени за кампањата на про-Брегзит кампот- “Гласајте за напуштање”.

Џонсон доби и приватна тужба заради оваа изјава, несомнена лага- што подоцна и ќе се докаже, но Врховниот суд во јуни оваа година ја отфрли можноста Џонсон да биде гонет.

Борис Џонсон е доказ, како и сите политичари на овој свет-  едноставно, не можете да ги гоните и да барате да одговараат- за нивните лажни изјави, лажни ветувања, лажни факти.

Да одговараат за пропагандата со еден збор, која е во суштината јадро на едно гнило, но во исто време сепак може да биде и функционално демократско општество, често напаѓано од огромни, безочни лаги, безобзирни манипулации, проѕирни полувистини, токму од политичките елити.

Тие политички манипулации во истиот момент се трансформираат во бесконечен рој лажни вести кои ги запоседнуваат нашите глави и се шират низ светот, со една цел- да предизвикуваат политички земјотреси, да ги рушат системите, да ги напаѓаат демократиите, да создадат нови вистини, подобри и понеиздржливи од кога било.

Британскиот премиер не е наивен- тој точно знае како функционира политиката, за која е доволно само да се знае историјата, затоа што така може и со затворени очи да се предвиди иднината, исто како во одличната британска серија “Години и години”:

“Политиката е постојано повторување, во циклуси со различна должина, на еден од најстарите митови во човечката култура, за тоа како правиме кралеви за нашите општества и како по некое време ги убиваме за да постигнеме еден вид препородување”. (Џонсон, 1997)

Но, Борис Џонсон денес можеби се потсмева на самиот себе, кога како новинар ја напишал оваа мисла, која ништо и не значи, освен празни, бескорисни натрупани зборови, кои не менуваат апсолутно ништо во поредокот на светот и во соништата на политичарите, кои сакаат да владеат што е можно подолго и понекогаш и потирански, доколку самиот систем не поседува контролни механизми, баланс, проверка и мониторирање на независни власти и институции, како што се медиумите и граѓанските организации.

Верувам Џонсон замавнува со раката за неважноста на она што го пишувал за политичарите,  онака што како денес тоа и Заев го прави- навистина, длабоко во срцето не верува во сопствената минливост, како политичар,  така природно чувство, како на сите политичари на овој свет.

Од нив сме создале кралеви, давајќи им ги нашите царства цврсто да се закотват и никогаш да не посакаат да ги напуштат. Но, дури и да решат да остават се, она како што можеби некогаш Заев посакува и најавува, над нив има поважни и посилни кралеви, кои тоа не им го дозволуваат, се додека не ги завршат обврските и ветувањата, токму кон оние кои ги создале.

                                  Тврдите глави на општокорисните македонски новинари

Секако дека е потребен широк фронт против безочните политички и новинарски лаги и манипулации, но идејата која ја најави Заев- создавање на некаква Агенција за борба против дезинформациите и лажните вести, ќе биде опасно ткиво, познато во Орвеловата 1994 како Министерство за вистина- доколку таа остане без учество на медиумската заедница.

Сепак, таа во книгата има секако поинаква задача- одговорна е за фалсификување на историските настани, наспроти оваа со која ќе раководи Роберт Поповски, која има навистина благородна мисија- државни претставници, службеници, да ги проверуваат фактите, вестите, анализите, истражувањата, давајќи забрани, блескави или преодни оценки за новинарските (не)дела. Во таа Агенција, учеството на медиумската заедница и граѓанските организации не е воопшто релевантно,  затоа што не е ни потребно, во случај кога владетелите сонуваат за апсолутна моќ, која само така може и апсолутно да корумпира. Беспоговорното климање на оваа ингениозна владина идеја секако дека е општокорисна задача на секој совесен и свесен новинар.

Оваа дебата во светски рамки, особено последниве години, доведе до некаква завршна точка во борбата против лажните вести- преточена во Акциски план на Европската комисија, во која главниот збор го има медиумската, експертска заедница, па потоа акцентот се става на владите, како и на граѓанското општество и приватниот сектор, за разлика од македонскиот предлог.

Таа борба во која се создаваат мрежи на факт-чекери (проверувачи на факти) во медиумскиот свет на западните демократии беше поздравена, но во исто време се работи на механизми кои ќе ја амортизираат и намалат опасноста од хаос, конфузија, стравувања за цензура и автоцензура и распарување на демократијата, на слободата на медиумите.

Но, и за каква иронија говори овој пример- доведоа и до судска битка на три легитимни холандски публикации, кои мораа да одат на суд, за да бидат отстранети од црната листа на кампањата, чии жртви станаа во меѓувреме, токму на факт-чекерите.

Проблеми во оваа идеја на ЕУ, а сега и на Македонија, има премногу- анализите и истражувањата на комуниколозите во светски рамки предупредуваат  на конфликтот на интереси на политичките актери, пред се, но и на оние на бизнис- заедницата.

Тие никогаш нема да се откажат од сопствените интереси и од сопствената вистина, “од пролиферацијата на лажни наративи во политички и бизнис цели” (Клаесон, Центар за стратешки и меѓународни студии), од манипулации и дезинформации.

Оваа реалност не е виртуелна, непостоечка, затоа што ерата на Интернет продуцираше нивни сопствени сајтови, онлајн платформи, блогови, итн., како и користење на социјални мрежи, преку кои ги дисеминираат сопствените продукти- внимавајте, низ Интернет мрежата која го окупира светот, особено преку алгоритмите кои се измислени за да се злоупотребуваат, како во случајот со Кембриџ аналитикс. Тоа се  политички или бизнис продукти, кои не можат да бидат проверувани ниту забранувани од политичките факт-чекери на Министерството за вистина на Роберт Поповски, освен ако не е планот да биде укинато се, освен него, и сите да работиме само за неговото добро и милост.

Можеби не  е и така лоша идеја, која вреди да се разгледа, но да почнеме најпрво во приватните одаи на некој гостопримлив севернокорејски камп, под надзор на срдечниот камшик на Ким Џонг Ун.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.