Петок вечер. Малку социјален живот па малку социјални мрежи. А таму крадачи и украдени, шовинисти и феминистки. Си велам, не дремам на интернет, ќе пуштам телевизија. Сигурно има нешто квалитетно. Ко за беља, ништо никаде.
Дно. Истите турски серии, истите стари филмови. Кога ете ти на Канал 5 филм. Хорор. Човекот распнат. Не на крст. Туку помеѓу лавови. Новинарски лавови. Го кинат. Не можам да гледам. Страшна слика. Како ли издржа? Удрија и по хакерите. Ме фати страв. Не издржав да го догледам тоа. Си легнав…
Се будам наредниот ден во пот. Слики од вечерта во глава. Хаос. Пуштам пак тв. Пак распетие. Крст. Владиката го фрли. Го снема. Пак ли тензија? Каде е крстот? Помина некое време. Уште го нема. Си велам што е следно? Ако и тоа го фрлат и не го најдат тешко нас. На крај го најдоа. На дното бил. Исто ко и ние…