Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, утрината на својот Фејсбук профил објави фотографија и видеа од безбедносна камера од ГТЦ на кои се гледа едно лице како го расфрла дел од градежниот материјал донесен за изградба на зелениот покрив на ГТЦ.
На едната снимка се гледа како лицето уништува дел од идниот зелен покрив, а на другото, лицето се движи нив ГТЦ разговарајќи на телефон.
На зголемената фотографија извадена од снимките од безбедносните камери се гледа ликот на сторителот.