НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бори се, Ленче Ристовска

0
By Биљана Секуловска on September 14, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Приказната за падот на Катица Јанева сега оди директно во рацете на циниците, оние кои ни се потсмеваа на нашата исконска, ете добро, нека била дури и патетична желба да добиеме први наши херои во поновата историја на оваа земја. Во земја во која и онака не знае кои навистина биле нејзините понови херои, пред да се појават обвинителите од СЈО. Земја која не ни сака воопшто да слави херои, освен ако не се запишани пред стотина години, ништо подоцна, никако после тие времиња.

Овие гласноговорници на нашето истрошено време со Јанева гласно проповедаат и издаваат сега нови команди, прашувајќи- зарем сагата мора да застане само со нејзиното рушење кое таа самата го произведе?

Морничаво сега изгледаат најавите за новиот расплет на судбината на СЈО- велат дека Јанева е само почетокот на брзиот и суров крај кој ги чека сите останати обвинители, предвреме остарените наши херои, изморени, клапнати, во одот згрбавени, се збогуваат со нас, без да ни кажат зошто се откажаа. Од себе, од нас.

Којзнае зошто, ги кренале рацете од самите себе, се предале и пред да им биде потпишан актот за нивно дефинитивно заминување, се согласиле без да не прашаат што мислиме ние за тоа.

Тоа се сериозни најави за многу можен крај- разрешувањето на Јанева да повлече земјотрес од домино ефект, во кој ќе се откинуваат останатите обвинители- еден по еден, како трули делови на едно гангренозно тело, ќе бидат исфрлани од употреба и враќани од таму каде што дошле.

Она што сега од нив го очекуваме секако е само едно- да излезат пред јавноста онака како што тоа го правеа низ годините. Тогаш кога за нив се боревме низ улиците, тогаш кога тие се бореа за нас низ досиејата на бомбите.

Да излезат и да кажат дека не се предаваат. Дека ќе се борат понатаму за нас и за оваа земја, ако веќе се откажале од борбата за самите себе. Дека дамката на Јанева не е по дефиниција жива кал која и мора да ги свлече и нив. Дека работеле чесно, предано, професионално и стоички ги издржувале сите напади, обвинувања, дека борбата тука не застанува.

Сега оваа битка мора сами да ја извојуваат, за да не седиме отстрана и да не го гледаме немо нивното гласно изумирање.

Ајде, што чекаш, бори се Ленче Ристовска.

 

 

 

 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.