НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Денес е 20-годишнината од упокојувањето на Блаже Конески

0
By Нова ТВ on December 7, 2013 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Денес е 20-годишнината од упокојувањето на Блаже Конески (19.12. 1921 – 7.12. 1993). Блаже Конески е втемелувач и еден од кодификаторите на современиот Македонскиот литературен јазик- виден книжевен, културен и јавен работник: академик, поет, прозаист, есеист, литературен историчар, филолог и лингвист, преведувач и професор.

Блаже Конески е роден во село Небрегово, Прилепско, каде живее до својата осма година. Потоа, целото семејство се сели во Прилеп и таму Конески учи основно училиште и нижа гимназија. Виши класови гимназија учи во Крагуевац, а студиите по славистика ги започнува во Белград и ги завршиува во Софија 1944 година. По ослободувањето доаѓа во Скопје и развива богата културна и научна дејност.

Како научник – славист, тој ги прави најголемите чекори за македонскиот литературен јазик. Учествува во составувањето на првиот македонски правопис, ја напишал Граматиката на македонскиот јазик, Историјата на македонскиот јазик, тој е еден од составувачите и главен редактор на Речникот на македонскиот јазик (во три тома).
Освен со научна, Конески се занимава со творечка, препејувачка, есеистичка и критичка дејност.

Во 1945 г. се појавува неговото прво поетско дело „Мостот“, со мотив од изградбата на земјата; 1948 г. збирката „Земјата и љубовта“ – песни со патриотски и борбени чувства, карактеристични за првата фаза на повоената македонска поезија; 1953 г. збирката „Песни“, каде се свртува кон себе, кон својата интима. Следуваат збирките: „Везилка“, циклусот „Стерна“, збирката раскази „Лозје“. Ги напишал и збирките песни: „Записи“, „Стари и нови песни“, „Чешмите“, „Послание“, „Цркви“, „Златоврв“, „Сеизмограф“, „Небесна река“ и „Црн овен“.
Конески беше почесен директор на неколку универзитети, а во негова чест, денес Филолошкиот факултет го носи името Блаже Конески.

Поетско творештво

Во првите песни на Блаже Конески среќаваме родољубиви мотиви како реакција на штотуку завршената Револуција. Тие песни се блиски до народот, татковината е реален поим, татковината живее во него и во секој наш човек, тој ја гледа, ја разбира и ја прифаќа, ја оживува нејзината историја, традиција, бит и ги поттикнува родољубивите чувства.
Типична, во оваа смисла е антологиската песна „Тешкото“.
Во поемата составена од десет строфи од по осум стиха, поетот преку традиционалното оро Тешкото, ја искажал својата љубов кон татковината.
Песната започнува со растреперената душевна состојба на поетот кога ќе ги слушне првите звуци на орото. Му навираат солзи, му „иде да плаче ко дете“, зашто тие звуци го потсетуваат на татковината и на нејзиното минато.
Во продолжение, со мирен, спокоен тон, како што започнува орото, поетот ја ткае својата песна. Старците први се фаќаат и го започнуваат орото со мирен и бавен чекор, но ’рзнувањето на тапанот го забрзува ритамот во кој се приклучуваат и младите кои го лулаат орото и ја завртуваат земјата.
Орото и неговиот народ се едно исто. Во орото е вткаена исконската сила на нашата земја, во него шумат реките, рика дивиот ветар, шепнат узреаните жита, во него е вткаена душата на народот.
Минатото, поетот го споредува со синџир на робја, долговековното ропство е мрачно, ужасно и крваво. Но, неговиот народ поведува „бујно, бунтовничко оро“ што ќе доведе до посакуваната слобода. На крајот, поетот е оптимист, иднината ја гледа во посветли бои и трипати подобра од минатото.

Тешкото
(„Земјата и љубовта“)

О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,
штом тапан ќе грмне со подземен екот —
во градиве зошто жал лута ме стиска,
во очиве зошто ми навира река
и зошто ми иде да плачам ко дете,
да превијам раце, да прекријам лик —
та гризам јас усни, стегам срце клето,
да не пушти вик.

О тешкото! Старци излегуваат еве,
на чело им мисла, во очи им влага
и првиот чекор по меката трева
е мирен и бавен, со здржана тага.
но, ’рзнува тапан и писок се крева
и молнија светнува во секој глед,
и напред се пушта, се стрелка, се слева
стегнатиот ред.

До старците момци се фаќаат скокум;
не издржа срце — сив сокол во клетка,
не издржа пламен жив потулен в око,
не издржа младост што сака да летне!
Се залула оро! Се заврте земја,
и чиниш — се корне стресениот век,
и околу трпнат ридиштата темни
и враќаат ек.

И божем се врасло кипнатово оро
со исконска сила за земјава наша
и во него шуми на реките зборот,
и во него рика див ветар и страшен
и во него шепнат узреани житја
и вечерен мирис се разлева тих,
и земјата дише во пролетна ситост
со запален здив.

И душата, чиниш, на родот мој мачен
во тешково оро се уткала сета —
век по век што трупал се попуст и мрачен
од крвава болка, од робија клета,
век по век што нижел од корава мисла
за радосна челад, за слободен свет,
од песна — за љубов што гине со пискот
ко жерав во лет.

О, тешкото! Кога во молк те гледам,
на очиве магла ми напаѓа сура,
и одеднаш — в бескрај се растега редот
и ридја се губат в пустелија штура —
и еве кај иде од маглата матна
сè сенка до сенка, сè еден до друг —
во бескрајно оро син оди по татка,
по деда си — внук.

Времињата мрачни се нивното поле,
и нивната свирка — на прангите ѕвекот,
а главите им се наведени доле,
и покроце врват — сè чекор по чекор.
О, времиња, што ве в мрак родот мој минал,
кој збор ќе ми најде за вашата стрв?!
Кој збор ќе ми најде за ужасот зинат
над пустош и крв?!

Кој број ќе ми каже на лутите рани,
на пламнати ноќи, на пеплишта пусти,
кој на срце болки ќе изреди збрани,
и на очи солзи, и клетви на усти.
О тешкото! Синџир ти беше на робја,
од калеши моми и невести ред,
со врзани раце со плен што ги погнал
насилникот клет.

О, тешкото! Синџир ти беше на робја,
дур не стана народ во листена гора,
сè дури со јадот од векови собран
не поведе бујно, бунтовничко оро!
Се залула танец низ крвје и огон,
и повик се зачу и грмеж во чад —
те разнесе сегде бунтовната нога
по родниот кат.

О тешкото! Сега по нашите села
во слобода првпат штом оро ќе сретам,
зар чудно е — солза да потече врела,
зар чудно е — жалба јас в срце да сетам?!
Од вековно роропство, мој народе, идеш
но носиш ти в срце дар златен и пој.
Пченицата твоја триж плодна ќе биде,
и животот твој!

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025

Контролорите на летање во Грција во четврток со четиричасовен прекин на работата

August 25, 2025

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.