Иницијатива Кооперација најавува јавна дискусија насловена-„Критичка уметност и уметничка критика: одговорноста како заеднички именител“ , на 12 декември (четврток), во 18.00 часот. Локација: кафе Концепт, ул. Рузвелтова 37, Скопје.
Учесници/говорници: Проф. д-р Елизабета Шелева, м-р Бојан Иванов и Владимир Јанчевски (Кооперација)
Модератор: Елена Вељановска
По повод изложбата „Реидентификација“ и излегувањето на првиот број на „Критика“, Кооперација ја организира оваа средба од јавен карактер, на која би сакале да се поразговара за улогата на критиката во современите ликовни пракси, улогата на независните иницијативи во развојот на критичката мисла воопшто, за културните политики денес и можните правци за нивно модифицирање и усовршување, соопштува Иницијатива Кооперација.