НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Позорникарите можат да го спречат вандализмот, но нивниот број се уште е мал

0
By Соња Трајковска on November 11, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Деветте украсни садници кои вчера беа засадени пред Поликлиниката „Чаир“ не издржаа ниту еден ден. Во текот на ноќта тие се откорнати и украдени, а на локацијата каде беа засадени е изгазено и уништено. Инцидентот е пријавен во полиција.

Минатата недела во два наврати беа запалени контејнери за смет- прво 8 во населбите Ѓорче Петров и Ново Лисиче, а потоа во Центар и Чаир.

Сите овие инциднети се пријавени во полицијата. Од МВР за НОВА велат дека истрага се води има сознанија, но дека во интерес на истрагата нема да објавуваат никакви детали до целосно расчистување на случаите.

Сите овие инциденти се случиле во доцните вечерни часови или во текот на ноќта, кога фреквенцијата на луѓе е помала.

Полицијата освен што е информирана за инцидентите, не била сведок на ниту еден од вандалските постапките.

Проектот „позорникари“ стартуваше, па забави

На почетокот на 2018 година, МВР  започна со спроведување на проектот за позорникарска служба или маалски полицаец, нешто што во минатото беше симбол на безбедноста во едно маало.

Првите позорникари беа промовирани во Штип, а потоа и во Куманово. Според податоците од МВР што ги доставија за НОВА позорната служба функционира во повеќе градови- Куманово, Тетово, Гостивар, Велес, Битола, Прилеп, Ресен, Штип, Кочани, Струга, Кичево, Делчево, Берово, Крушево и други градови.

И тоа е се што знаеме за овој проект. Се до сега кога ваквите инциденти го покренаа прашањето: Дали доколку полицијата е поприсутна по улиците во ноќните часови, вандалите потешко ќе се одлучуваат да уништуваат јавни добра и ќе придонесе за поголема безбедност?

Статистичките податоци добиени од досегашното спроведување на проектот и анкетите што МВР ги спровело, го даваат одговорот на ова прашање: присуството на позорната служба на терен во голема мерка придонесува за намалување на криминалитетот, на прекршоците од областа на јавниот ред и мир и пред се за поголема безбедност на граѓаните.

 

Последните инциденти во главниот град кои ни се вовед во оваа тема, исто така, може да го потврдат овој факт, бидејќи вакви позорникари има само во мал дел од Скопје.

Според МВР, причините се недостатокот на полициски службеници, односно лошото менаџирање со кадарот во службата наследено од претходниот период – голем одлив на човечките ресурси од Министерството за внатрешни работи по основ на пензионирање, во применување други начини на вршење на полициски работи, како што е патролната и мотопатролната дејност и поради реален недостаток од полициски службеници.

-Во меѓувреме, оваа состојба е поправена, од 1 ноември на СВР Скопје му се приклучи голема бројка на новообучени полициски службеници и во наредниот период позорната служба ќе се воспостави според постојните планови, а тоа ќе биде видливо и за граѓаните на Скопје, ветуваат од МВР.

Што е маалски полицаец

Позорната дејност се врши во урбани средини, индустриски и сообраќајни центри, како и во туристички места врз основа на елаборат изработен од страна на полициската станица на чие подрачје се врши.

Подрачјето на кое се врши позорна дејност се дели на позорни терени. Два или повеќе позорни терени сочинуваат еден безбедносен реон. Бројот и големината на реоните и терените во нив, се утврдува според бројот на населението, бројот и значењето на објектите, состојбите во областа на јавниот ред и мир, криминалитетот, безбедноста на сообраќајот на патиштата и други безбедносни елементи значајни за организацијата на полициските работи на подрачјето. За секој позорен терен се определува потребен број полициски службеници. Реоните и терените се определуваат од страна на началникот на Секторот за внатрешни работи на чие подрачје се наоѓа полициската станица од општа надлежност, по писмен предлог на командирот на полициската станица, во зависност од човечките ресурси со кои моментално располага, планира и реализира соодветен број позорни, патроли или мотопатролни дејности на своето подрачје.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.