Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Владата го одби предлогот на Филипче за референдум за ЕУ – Нема да трошиме ни време ни пари

0
By Zoran Ivanov on May 28, 2026 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ, ФОКУС
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 28, 2026 08:21

Реформската агенда е јасен показател на европската ориентација на кабинетот на Христијан Мицкоски, одговорија од Владата. А СДСМ бил мекото ткиво во државата

Владата работи на Реформската агенда и тоа е јасен показател на европската ориентација на кабинетот на Христијан Мицкоски.

Вака одговорија попладне од Владата на барањето на лидерот на СДСМ да се одржи референдум за членството во ЕУ.

„Да не трошиме време и пари на граѓаните“, велат од Владата. Оттаму велат дека отворањето на фондовите од Реформската агенда за Македонија е јасен показател за европската ориентација на оваа Влада.

А како изгледа кога СДС се залага за референдум без гаранции за европската иднина, граѓаните можеа да видат низ пластичен пример од последниот референдум организиран 2019 година. Тие и денес продолжуваат да бидат меко ткиво на македонскиот идентитет.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на вчерашната прес-конференција побара власта да распише референдум за членство во ЕУ и дека за тоа мора да одлучат сите граѓани.

Ова е прашање на сите нас, за секој еден граѓанин, за нашите семејства. Едноставно прашање за нашата иднина. Ова, почитувани граѓани, е референдумско прашање. Не може Христијан Тино Мицкоски да одлучува за нашите судбини , рече Филипче.

Тој додаде дека последиците од погрешните политики на власта веќе ќе ги плаќаат граѓаните и нивните семејства, и затоа токму граѓаните треба да ја донесат конечната одлука.

Едноставно, доста е. Мора граѓаните да одлучат за тоа. Затоа што граѓаните, нивните семејства, нивните деца, ќе ја плаќаат цената на овие погрешни политики на Мицкоски. Затоа граѓаните се единствени кои што можат да одлучат за својата судбина. Не сакаме сите да ја плаќаме оваа цена. Сакаме иднина. Распишете референдум, прашајте ги граѓаните. Не може вие да одлучувате за судбината на сите кои што живеат во државата, рече Филипче.

На прес-конференцијата Филипче, порача дека граѓаните не се наивни и се свесни за пропагандата што ја спроведува ВМРО.

Доста е веќе од лагите и пропагандата на криминалната група на власт. Едноставно доста е. Граѓаните се будни, свесни се, не се наивни, не можете повеќе да ги лажете.Сите веќе ја знаат вистината. Мицкоски и бандата не сакаат во Европа затоа што таму има одговорност. Таму се одговара пред европски обвинители за криминал и за корупција. И затоа не држат како заложници. Затоа се создаваат вештачки конфликти. Затоа се идентификуваат лажно внатрешни предавници и надворешни вештачки непријатели, рече Филипче.

 

Влада одби референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.