“Поезијата на Ацо Шопов фасцинира со нејзината актуелност. Таа е пишувана пред неколку децении, а говори за она што се случува денес”, изјавува египетскиот писател и публицист Бахгат Елнади, додека Федерико Мјор, Генерален директор на УНЕСКО (1978-1999) смета дека неговата поезија, “со сета своја јарост, не помалку интензивна од нежноста што под неа се крие (…) е збор на вистината упатен до најинтимното во нас”.
За универзалниот карактер на поезијата на македонскиот класик гворат низа странски писатели и интелектуалци. Објавувајќи дел од нивните сведоштва НОВА ТВ му оддава почит на Ацо Шопов, роден во Штип, на денешен ден, пред 90 години.
Бахгат Елнади и Адел Рифаат, alias Махмуд Хусеин, публицисти од Египет, 2002
„Во македонската поезија која многу векови беше откината од општите текови на европската литература и која само во последните две децении доби услови за свој развиток, творештвото на Ацо Шопов открива нов поетски свет, една од основите на она огромно што го нарекуваме наша современост“, Александар Романенко, писател, Русија, 1974
„Небиднината како метафора, за Ацо Шопов е еден вид митски извор на создавање и на спознавање, исто како и во поезијата на Аргези, утроба на предпостоечкото чувство и на постоењето во себе, на целината и на делот, цитадела на Егзистенцијата, а во исто време, и на првобитното Јас“, Јон Деаконеску, писател и критичар, Романија, 1987
Фернандо Аинса, писател, Уругвај
„Лирскиот израз на Шопов достигнува извонредни височини кога искажува нешта од минатото со зборови од сегашноста и кога зафаќа во сегашноста за да ја искаже со зборови од минатото. Ова е секако тешка игра што ретко кој може да ја игра“, Аурора Марија Сааведра, преведувач, Мексико, 1988
Сабин Весписер, издавач од Франција
„Делото на Ацо Шопов одговара на некои јазелни прашања на денешниот човек. Благодарејќи на овие одговори, Шопов останува наш соговорник. Нашиот разговор со него не е завршен“, Радојца Таутовиќ, критичар, Србија, 1983
“Мртвите ќе умрат тогаш кога и нивната песна”, рече Ацо Шопов, поетот чиешто дело е непрестана вжарена потрага, од која не се откажал никогаш, дури ни во миговите на најстрашниот бол или на најдлабоката осама. Потполна и своја (…), неговата песна продолжува, трае, не е мртва, не умира – Едуар Моник, поет, Маурициус, 1994