Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Костов за Нова ТВ: Проектот за чаршијата ги исполнува пропишаните критериуми

0
By Нова ТВ on April 14, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 14, 2020 19:55
Проектот за реконструкција е одобрен од Заводот за заштита на културно наследство уште во 2018 година. Секогаш може подобро, но овој проект што се изведува сега е добар и ги исполнува критериумите кои се утврдени согласно законот со кој Старата чаршија е прогласена за културно наследство“, изјави Ацо Костов, директор на Заводот за заштита на културно наследство, за Нова ТВ.
Според зададените критериуми, фирмата која ја изведува реконструкцијата, вели тој, е задолжена да ангажира стручен консулант кој ќе ја надгледува работата и ќе гарантира дека се работи согласно утврдените критериуми.
„Во текот на реализацијата, мониторинг ќе врши и Заводот за заштита на културно наследство како и Светската банка која ги одобри средствата за реализација на овој проект и на која нашето стручно мислење и беше многу важно за да ги одобри парите. Светската банка како финасиер, исто така, ќе врши надзор врз изведувањето на проектот во однос на исполнувањето на критериумите утврдени согласно законот со кој чаршијата е дефинирана како културно наследство“, додава Костов.
Дека се запазени процедурите и консултирани сите надлежни институции од кои се добиени неопгодните дозволи посочи и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу на денешната прес-конференција. Според него, со проектот што е во фаза на реализација, ќе се зачува автентичниот изглед на Старата скопска чаршија, излозите на дуќаните ќе бидат унифицирани со дрвени рамки, ќе биде обновена телефонска и електрична инсталација, атмосферските води, итн.

Под-проектот предвидува санација на калдрмата на еден дел од главната улица Битпазарска како и конзервација, реставрација и санација на повеќе дуќани кои го нарушуваат автентичниот лик на Стара Чаршија која со закон е прогласена како културно наследство од особено значење „Службен Весник на Република Северна Македонија” бр. 130/08, се вели во соопштението на Владата.

„Фактичката состојба не е поволна затоа што фасадата и излозите на голем број дуќани во туристичката дестинација се дотраени или заменети со излози од ПВЦ материјал или алуминиум. Овие користени материјали ја девалвираат вредноста на автентичната структура на Стара Чаршија и ја менуваат планираната содржина и изглед на чаршијата. Санација на калдрма – со текот на времето настанати се оштетувања на калдрмата на улицата. Оштетувањата се настанати од повеќе фактори: метеоролошки влијанија, моторен сообраќај, недоволен капацитет на каменот и парцијални ископувања на улиците. За таа цел проектот предвидува санација на калдрмата во главната улица (во должина од 200 метри или вкупно 2.240 метри квадратни. Сите градежни материјали кои се користат за реконструкцијата на излозите на дуќаните и калдрмата во споменичка целина: „Стара Скопска Чаршија“ се автентични и одобрени од стручни лица од НУ Конзерваторски Центар – Скопје и Управата за заштита на културно наследство“, се вели во владиниот допис.

За таа цел е формиран Национален Совет за ревитализација на Стара чаршија кој изготви и Програма за ревитализација која содржи идентификација на сегашната состојба и насоки и мерки за ревитализација на Старата Скопска Чаршија. Една од главните констатации на постојната состојба на Стара Чаршија е дека сопствениците нестручно интервенираат во екстериерите, ентериерите и во употребата на градежните материјали во објектите и на овој начин го нарушуваат автентичниот изглед на Чаршијата.

Министерството за култура на Република Северна Македонија и Управата за заштита на културно наследство (УЗКН), се појаснува во владиното соопштение, се одговорни за заштита на неподвижното и движното културно наследство во Република Северна Македонија. Управата за заштита на културно наследство и Национална Установа Конзерваторски Центар – Скопје соработуваат во врска со конзервација и развој на културно наследство, како на пример надлежност да постапат законски, да изведуваат и да вршат функции во врска со конзервација и пристап до културното наследство.

За потребите на проектот поднесен од Општина Чаир до Локална и регионална конкурентност (ПЛРК) Конзерваторски Центар – Скопје, изготви конзерваторски услови посебно за секој дуќан и за калдрмата. Врз основа на конзерваторските услови изработен е Основен проект за конзервација и реставрација на излозите на дуќаните во Старата скопска чаршија и калдрмата од Општина Чаир, за секој објект поединечно. Врз основа утврдената фактичка состојба по увидот во доставената документација, основниот проект и извештајот за извршена стручна контрола, за исполнетоста на условите, согласно член 87 од Законот за заштита на културното наследство, Управата издаде Конзерваторски одобренија за изведување на работите на непосредна заштита на излозите ви Старата скопска чаршија.

Управата за заштита на културно наследство по службена должност достави Барање до Национална установа – Конзерваторски центар – Скопје надлежната установа за заштита на културно наследство за определување на Заштитно конзерваторски услови за секој од понудените дуќани и за дел од калдрмата на улица „Битпазарска“.

НУ Конзерваторски центар – Скопје излезе на терен да ја сними фактичката состојба и врз база на условите што се пропишани во согласност со Законот за заштита на културното наследство за Старата скопска чаршија определи Заштитно конзерваторски услови за 39 дуќани и за наведената делница на калдрмата што ги достави до УЗКН.

Управата по добиените мислења за конзерваторски услови за овие дуќани донесува решение за заштитно конзерваторски услови за секој поединечен објект и го достави до општината. Општина Чаир на овој начин се стекна со право да ја продолжи постапката која подразбира по добиеното Решение за заштитно конзерваторски услови да изработи проект. На изработениот проект, Конзерваторски центар – Скопје изработи Извештај од стручна контрола на проектот, а УЗКН издаде Конзерваторско одобрение за секој дуќан и за калдрмата.

Имајќи го предвид погоренаведеното, од Владата информираат дека се запазени сите процедури за заштита на автентичноста на Старата Скопска Чаршија и градежната активност која се финансира преку Проектот за локална и регионална конкурентност се одвива во согласност со позитивните правни норми за зачувување на автентичноста на Старата Скопска Чаршија.

Ацо Костов Завод за заштита на културно наследство проект Стара чаршија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
ФОКУС
April 28, 2026

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

ВЕСТИ April 28, 2026

 Премиерот Христијан Мицкоски многу сака да ја негира реалноста, да ја прикаже поинаку, ама очигледно…

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026
ТИКЕР

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.