НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Драги Ѓоргиев за НОВА: Македонско-бугарското прашање-ослободено од идеолошки и политички амбиции, но и емоции

0
By Биљана Секуловска on May 4, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Автор: Драги Ѓоргиев, претседател на Комисијата за историски и образовни прашања со Бугарија

 

Според еден извештај на активист дојден од Бугарија да шири национална пропаганда меѓу христијаните во Охридско-струшкиот регион кон крајот на XIX век, на тајната средба на која меѓу присутните имало и еден поп, тој со силен жар зборувал за идеите и националната борба и очекувал нескриен ентузијазам посебно од свештеното лице, но наспроти тоа, според неговите зборови „… попот повеќе се интересираше за тоа дали во чашите има доволно ракија и дали има доволно кисела зелка“.

Овој пример за ентузијазмот на прифаќање на новите идентитети од страна на „замислените заедници“ во Македонија (замислени во политичките, историските и географските кабинети на соседните нации-држави), само ја покажува некомпатибилноста на националните идеи со милетската (верската) идентитетска основа  на османлиските верски заедници.

Младите балкански нации-дражви, повикувајќи се на нивното „историско право“, ги истакнаа своите територијални аспирации кон регионот Македонија и во име на тоа право извршија брутална културна, образовна и политичка „инвазија“ врз споменатите замислени заедници. Притоа, за нив воопшто не беше важно дека современите национални идентитески обележја ги наметнуваа на население кое повеќе од 500 години живееше во една силно теократска држава (речиси со византиски реликти кај христијаните), кое беше поделено во верски (милетски) заедници и чиј најважен идентитетски столб беше верата.

Во периодот кога започна борбата за нив, тие луѓе немаа чувство дека припаѓаат кон одредена нација во современа смисла. За нив најважни беа локалната заедница, верата и мајчиниот јазик на кој комуницираа меѓу себе. Тие беа целосно рамнодушни и незаинтересирани за националните идеи што им се нудеа, затоа што не го разбираа концептот на национален идентитет. Уште повеќе што околу 99% од тоа население беше неписмено.

Зато,а наметнувањето на новите идентитети беше мачно и болно и за самите држави и за самото население. Некомпатибилноста на националните идеи со милетската традиција не дозволуваше да се создаде духовно, културно и национално единство меѓу различните верски заедници кое ќе превладее во полза на една од балканските држави. Тоа доведе до силен балкански антагонизам, кој заврши со крвавите Балканските војни (1912/13), во кои, се разбира, најмногу настрадаа оние чии души требаше да бидат „спасени и ослободени“.

Речиси во исто време кога се создадоа новите нации-држави на Балканот во XIX век, кои и самите започна со градењето на својот сопствен идентитет, започна и процесот на развој на посебниот македонски идентитет.

И тој процес се одвиваше на сличен начин како и кај другите балкански соседи, односно во неколку етапи: објавување на првите текстови со употреба на македонските дијалекти (Кирил Пејчиновиќ, Јоаким Крчовски), со што се буди словенската етничка свест и започнува борбата за словенски литературен јазик (иако во тоа време определен како бугарски); со објавување на првите учебници напишани на западните македонски говори (Партениј Зографски, Димитар Македонски, Шапкарев, потоа Џинот, браќата Миладиновци) пришто во фокусот е борбата против елинизмот, но исто така, се размислува и за заеднички македонско-бугарски литературен јазик; со објавување на првите граматики и национални публикации и формирање на првите литературни национални друштва (Ѓорги Пулевски, Крсте Мисирков, Димитрија Чуповски), пришто македонскиот национален идентитет започнува да се спротиставува на бугарскиот и српскиот.

Периодот по Првата Светска војна беше период на јасна кристализација на националниот и лингвистичкиот македонски идентитет, односно тоа беше „време на зреење“.

Тој процес, се разбира, беше жестоко попречуван и негиран од соседните држави и во рамките на османлиската држава, а по поделбата на Македонија и во рамките на другите држави. Сепак, процесот продолжи со различен интензитет кој на крајот резултираше со формирањето на Република Македонија (1944) во рамките на југословенската федерација.

Нема никаква дилема дека тоа беше резултат на започнатиот процес во XIX век. Затоа не може да се каже дека македонскиот идентитет беше манифестиран откако беше формирана македонската држава, ниту пак дека македонизмот го измисли Тито за да го реши македонското прашање. Исто така, да се тврди дека македонскиот идентитет го измисли Коминтерната „од ништо“ е непочитување и негирање на историските факти и процеси.

Од друга страна, тој процес во својот почетен период неминовно беше културно, јазично и духовно силно испреплетен и во многу блиски контакти со некои од соседните народи, пред сѐ, со бугарскиот. Во контекст на тоа, кај дел од македонската интелектуална и револуционерн елита имаше поинакви идентитетски определби, односно тие се определуваа како Бугари.

Но, имајќи го предвид целокупниот регионален, верско-културен и политички контекст во тоа време и влијанието на соседните порани и посилни кулурни и ревоволуционерни движења, а потоа и државни пропаганди,симплифицираното и еднострано објаснување на овие идентитетски определби и нивното прифаќање како „објективна историска вистина“, не може да биде конечен и единствен одговор на ова сложено прашање.

Силната испреплетеност меѓу македонското и бугарското во тоа време мора да биде анализирана внимателно, имајќи ги во предвид сите нејзини аспекти, особено идентитетскиот. И таа анализа мора да биде целосно ослободена од идеолошки и политички амбиции. И од емоции.

 

Текстот на Драги Ѓеоргиев е објавен по барање на НОВА, како придонес во дебатата за македонско-бугарското прашање

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.