НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Јованка Попова: Ако немате кауч, а ниту дом, културата за вас е мртва

0
By Биљана Секуловска on May 5, 2020 ВЕСТИ
boell_reclaim_2018
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Серијал интервјуа на НОВА сo културните работници во Македонија во време на Корона кризата: Јованка Попова, кураторка, претседателка на здружението на ликовни критичари АИКА Македонија-  Ја имате уметноста во време на Корона кризата секако, за секого, освен за оние кои немаат интернет, немаат кауч, а немаат ни дом.

 

Секуловска: Уметноста и културата се прогласени за мртви во кризата со Корона вирусот. Сега мртвилото надвладеа токму онаму- кадешто претходно изгледаше невозможно- мислевме дека е надвор од умот да се живее без уметноста, без културата.

Попова: Заглавени дома? Овие дванаесет најпознати музеи нудат виртуелни патувања кои можете да ги направите од вашиот кауч. Седум престижни институции нарачуваат нови дела кои ја третираат субверзивната моќ на домашните простори. Пет бесплатни курсеви преку интернет од МоМА кои ќе ви помогнат да станете уметнички експерт во изолација. Прошетајте се низ македонското културно наследство без воопшто да се поместите од вашето столче.

Ова се само некои од насловите на интернет кои покажуваат дека културата е присутна и спремна да рефлектира и да се соочи со новонастанатите предизвици во времето кое го живееме. Музеите ширум светот ги „споделуваат“ своите колекции и програми, културните институции организираат изложби преку социјалните медиуми за да им помогнат на луѓето да се справат со останувањето дома.

Сега можете да „отидете во музеј“ без воопшто да мора да го напуштите каучот. Над 2500 музеи и галерии низ светот, меѓу кои и Британскиот музеј во Лондон, музејот „Ван Гог“ во Амстердам, Гугенхајм во Њујорк споделуваат содржини достапни за секого, од каде можaт да се стекнат знаења за уметноста, историјата, науката.

Секако, за секого освен за оние кои немаат интернет, немаат кауч, а немаат ни дом.

И додека за некои нелагодноста од останувањето дома се сведува на разочарување заради откажано отворање на изложба, конференција, уметнички проект кој нема да се оствари, што буквално значи цела година изгубено време и финансии за подготовки, или принудно платен одмор и работа од дома, за секој независен уметник, културен работник кој не е вработен ниту пак добива компензација за трудот, со секој поништен договор ситуацијата е далеку полоша.

Да не зборуваме за бездомници, луѓе кои умираат заради сиромаштија и експлоатација. За овие кои дополнително се соочуваат и со кризата предизвикана од вирусот, регулативи како „социјално растојание“, редовно миење на рацете, работење од дома, звучи повеќе од апсурдно.

Културата е луксуз во било која ситуација за оние кои се на работ на егзистенцијата. Како и секогаш, најранливите и несигурните групи ќе страдаат најмногу.

Оттука, она што не засега не е прашањето дали уметноста е во загрозена позиција туку како таа може да најде начин да не ги засега само привилигираните, да стане достапна и инклузивна, не само во состојба на криза туку и инаку.

Секуловска: Каде го гледате излезот, што веднаш треба да се стори за да ги избавиме и нив, уметноста и културата, и воедно самите себе?

Попова: Да развиваме и практикуваме култура на солидарност. За да се создадат подобри структури и простори, треба да ги замислиме.

Политичките и економски промени во состојби на криза го зголемуваат јазот меѓу луѓето на повеќе основи и може да се основа за појава на национализам, популизам, радикализација и страв, но кризата може да биде и основа за појава на нови форми на здружување и колективна грижа. Соочени со манифестираните нееднаквости во рамки на државата и пазарот на трудот, се формираат организации и групи за поддршка кои практикуваат директна социјална акција и помош на оние на кои им е најнеопходна.

Во Италија улиците беа бучни од скандирања за солидарност. Синдикатите се обидуваат да обезбедат компензација за невработените, а организациите од областа на културата го популаризираат слоганот „Во карантин, плати на сите!“. Културните институции кои не дозволуваа слободен пристап до содржини, бесплатно ги споделуваат своите програми. Активисти, социјални работници, на кои им се приклучија и културни работници и уметници, организираат акции за помош на мигрантите во бегалскиот камп Мориа во Грција.

Ова споделено знаење и здружување во акција овозможува да се поврзат различните видови на криза во заедничко барање на соодветно решение – кризата од корона вирусот, климатските промени, насилството врз жените, нееднакво право на социјална и здравствена заштита за сите. Во постоечката криза која уште повеќе ги истакнува разликите меѓу поларизирани заедници, потребно ни е да најдеме начини и практики кои можат да поддржат нови начини на соживот за да научиме, дискутираме и заедно да обмислуваме нови идеи.

Да се направи промена сигурно не е лесно. Не е лесно да се најде заедничка основа или пак институции што можат да ја создадат. Ова е предизвик за културните работници и за сите јавни институции. Оттука, потребно е да се вклучиме во отворен разговор за тоа какви се нашите колективни желби за културни и инклузивни простори, и како овие може да применуваат разновидни видови на „екологија“ во музеите. Институциите имаат стручно знаење, но се користат и со практично знаење кое произлегува од директни искуства на граѓаните. Пронаоѓање на нови простори кои го комбинираат институционалното и социјалното овозможува придобивки кои го надградуваат теоретското академско знаење во конкретни практики.

Оттука, се чини дека фундаментално е да ги преиспитаме нашите амбиции и односот кон доброто. Да сознаеме што значи да се изгради култура врз основа на споделени искуства во време на општо инсистирање на разлики. Го бараме тој момент, тој простор што би можеле да го наречеме заеднички. Притоа, го истакнуваме она што се чини, за жал, на сите веќе ни е заедничко, а тоа е растечко чувство на несигурност. Всушност, парадоксално е што животот станува подолг, технологијата го рафинира квалитетот на производите, а ние сè уште сме на работ.

Разликите што се ставени во преден план, а веројатно веќе успеавме да ги препознаеме, тоа се неважните разлики, ирелевантни за целта на заедништвото и општото добро. Разликата на која што треба да се обрне внимание е огромната, видлива разлика помеѓу повеќето несигурни поединци и малцинството кое поседува

најголем дел од капиталот, и кое нема објаснување зошто треба да продолжиме на овој начин и понатаму.

Оттука, единствениот излез за уметниците интелектуалци е да го отфрлат држењето на непризнаена елита и да го прифатат нивното место меѓу работниците и обесправените. Тоа не значи дека уметникот сам може да изнајде начин за трансформации потребни за воспоставување на нова хегемонија, туку напротив, радикалната демократска политика повикува кон артикулација на различни нивоа на стратегии со намера да создаде состојба на еднаквост.

Секуловска: Како го гледате во иднина пазарот на културата и уметноста- дали ќе бидат неопходни реформи и целосно реструктурирање- каде акцентот ќе биде ставенна иновативност и експерименталност? Дали ќе надвладее ваквиот тип на култура, наспроти индустријата на онлајн забава (не секогаш во вулгарна смисла е оваа забава)- кадешто предничи филмската индустрија

Попова: Во сегашната ситуација кога подвижноста е ограничена и кога сите можности за создавање и споделување се содржани во просторот помеѓу потенцијалот и реалноста, циркулацијата на сликите и зборовите е она што единствено ни е достапно.

Оттука, прашањата за тоа како алатките за виртуелна реалност можат да придонесат за развој на уметнички практики кои го поместуваат дискурсот во нови димензии на искуството, визуелизацијата, имагинацијата, сетилната перцепција; како уметничките дигитални практики можат да придонесат кон тековните социјални дискурси; или, дали виртуелната реалност може да биде медиум за надминување на физичката активност, се повеќе од релевантни.

Achille Mbembe во скорешен текст насловен „Универзалното право на дишење“ пишува дека „општо размислување е дека преку дигиталното, телото сочинето од ткиво и коски, физичкото и смртно тело, ќе биде ослободено од сопствената тежина и инертност. Но, се работи за илузија, бидејќи како што не постои човештво без тела, така и човештвото никогаш нема да ја спознае слободата надвор од општеството и заедницата“.

Во таа насока, сегашната состојба ќе биде можност за отворање и обмислување на нови простори на социјализација и солидаризација истовремено. Откако поголем дел од светот „влезе“ во изолација, прозорците, балконите презедоа нова улога во јавниот живот. Големи меѓународни музеи го искористија потенцијалот на овие надворешни простори за уметничко изразување, нарачувајќи од уметници кои се во карантин да создадат уметнички дела на балкони за да одговорат на прашањето дали ваквите домашни простори сè уште имаат потенцијал да бидат субверзивни.

Повеќе меѓународни уметници ги донираат своите дела за собирање финансиски средства за помош на активностите на “Лекари без граници” во кампот на мигранти Мориа на островот Лезбос во Грција. И овие иницијативи не се единствени во светот. Оттука, она што треба да се направи е да се променат воспоставените канони за она што претставува уметноста, да се цели кон обезбедување на доволно јавен простор за таа да може да ја оствари својата јавна функција, како и тоа да биде ангажирана и што повеќе дисперзирана за да може да биде близу достапна колку и масовната култура.

Секуловска: Што е уметникот денес? 

Попова: Уметник кој не е неутрален и без став кон времето што го живееме, што значи дека неговата работа и делување треба да произлегува од потребата да се развијат нови и соодветни културни и критички контексти. Уметник чии практики издржано и со право можат да се наречат субверзивни и кои се однесуваат на конфликти и противречности вон доменот на уметничкото делување. Оној кој е посветен на решавање на општествени проблеми, или на премостување на јазот меѓу привилегираните институции и социјално исклучените групи.

Секуловска: Колку може оваа криза да го уништи уметникот? Колку може сепак и тој да ја уништи неа?

Попова: Кризата секако го менува животот и работата на уметниците и културните работници. Големите музеи, како МоМА на пример, најавија отпуштања на хонорарците, наведувајќи ги како причина загубите кои институцијата ги трпи заради затворање за јавноста, како последица од појавата на Ковид-19. Сега, овие институции се соочуваат со притисок од јавноста преку петиции кои расправаат дека отпуштањето вработени не треба да биде автоматски одговор на кризата. Актуелната криза уште повеќе ги потенцира противречностите на системот за кој одамна знаеме дека е неправичен.

На прашањето пак, дали може да се определи некаков обединувачки принцип идеолошки или политички, кој би се користел како стратегија за делување на уметниците, може да се повикаме на концептот на криза која Борис Буден ја споменува како состојба на итност, која изискува неопходност за натамошно стратегиско делување во релација со критиката.

Според него, критиката и кризата имаат нешто заедничко, постои автентична релација или подобро интеракција меѓу двете – актот на критика скоро неопходно ја имлицира свеста за кризата и обратно, дијагностицирањето на кризата ја имплицира потребата од критика. Ова вклучува и само-критика, или практика на критичка саморефлексија, потреба да се преиспита сопствената улога како и ефектите и реперкурсиите од сопствените акции, што значи дека од уметноста се очекува да биде критички свесна за состојбите на нејзините можности. Откако тоа ќе се случи, следува ангажирано делување.

Кризата, исто така, отвора можности за промена со тоа што ја евидентира потребата за јавна одговорност и граѓанско чувство, за правичност и солидарност. Исто така, кризата ја истакнува вредноста на основните јавни добра и нивното сложено управување преку институционални мрежи, но и преку учество на граѓаните, работниците, корисниците.

Времињата на длабока криза можат доведат до изумување на алтернативни форми на протест. Новите технологии овозможуваат и протести преку интернет – вклучително, но не ограничувајќи се на, е-петиции кои се навистина многубројни и широко споделувани во овој период. Колективната мобилизација ја прави реална и надежта за промена за нов солидарен свет кој е повеќе од неопходен.

Секуловска: Дали после оваа криза ќе заврши ерата на културата на тривијалност, вулгарност, евтиност, културата на шундот и кичот, онаа селебрити култура, онаа култура на холивудски бесмислени спектакли и риалити шоуа? Или пак можеби оваа примитивна култура ќе се зацврсти на тронот, како неизбежен и единствен излез од суровата реалност со која сме опкружени- на болестите, смртта и безизлезноста?

Попова: Во однос на прашањето за вредностите во културата поважно е поделбата на популарна култура и уметност да биде заменета со поделбата на квалитетна популарна и неквалитетна популарна култура и обратно. Апсолутно не треба да го игнорираме фактот дека пред кризата од Ковид-19, уметничкиот свет еднакво не беше имун на вулгаризација во контекст на уметничкиот бизнис, неетички донации во рамки на музејски институции, мега-галерии и биеналиња како синоним за престиж, простор на елитизам и популарност кој истовремено го делат уметниците и креаторите на неолиберални културни политики.

За да уметноста се спротистави на комерцијализацијата и културата на спектаклот потребна е едукација во насока на препознавање и создавање вредности. Оттука, работата на кураторите, едукаторите и воопшто, културните работници, е особено потребна за време на пандемијата.

Кураторската практика може да се адресира како канал за социјални и политички критики и како практика на поттикнување на културните, и социо-политичките промени во општество. Односно, кураторот е оној кој инсистира на вредности, и истовремено ги создава. Кураторот е оној кој произведува одреден контекст на културна продукција, и интервенира во истиот. Оттука напреден став за институциите ќе биде да ја интензивираат едукативната димензија во моменти на загуба и реорганизација на заедницата и да дадат приоритет на односите со најисклучените групи.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.