НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Интервју со Горјан Тозија: Секогаш ќе постои и некој Моцарт и некој Салиери

0
By Биљана Секуловска on May 9, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Серијал интервјуа на НОВА сo културните работници во Македонија во време на Корона кризата: Горјан Тозија- “Филмот живее со публика, и тука мислам на публика во кино салите, на фестивалите, на големото платно. Филмот не е само забава за дома, не е YouTube производ. “

Секуловска: Уметноста и културата се прогласени за мртви во кризата со Корона вирусот. Сега мртвилото надвладеа токму онаму- кадешто претходно изгледаше невозможно-  мислевме дека е надвор од умот да се живее без уметноста, без културата

Тозија: Не сум сигурен дека туку така може да ги „погребаме“ уметноста и културата. Не може човештвото да се откаже од уметност исто како што не може да се одметне од природата. Поривот да се твори е несопирлив уште од најпримитивната цивилизација до денес.

Да, точно е дека така ни изгледа или дека така го чувствуваме но, веројатно затоа што на човештвото сега му се наметна друга, приоритетна борба од која сите сме дел на некој начин. Никогаш не сум ни помислил што треба да се случи за да има живот без уметност, а и сега не помислувам на тој начин, бидејќи не сум човек кој ќе се препушти и ќе го „заведе“ состојба на мирување.

Напротив, ова го гледам како една фаза во која нема спиење, туку фаза на изнаоѓање различни модалитети, испитувања, читање и анализирање како да се живее и сега и по оваа криза со уметноста. Не зборувам само за личното доживување и она како јас интимно ја поминавам кризата и неможноста да ја гледаме и слушаме уметноста во живо, туку зборувам и од позицијата која моментално ми е доделена. Не можам да си дозволам да се предадам и да не мислам на можни решенија и стратегии кои барем малку ќе ја бајпасираат кризата за уметниците од филмската фела конкретно.

Секуловска: Каде го гледате излезот, што веднаш треба да се стори за да ги избавиме и нив, уметноста и културата, и воедно самите себе?

Тозија: Она што се прави во моментов, мислам на брзите реакции, инстант решенија и трансфoрмации кои ги гледаме низ светот, како одредени сегменти во културата ја препливуваат оваа бура, не значи дека се конечен излез од ова. Дали воопшто ни треба да најдеме излез или тој сам по себе ќе се (по)јави?!? Не сум на чисто.

Постојано се преиспитувам и консултирам кој е најдобриот начин да и помогнеме на уметноста и стравувам за исходот и последиците кои можеме несакајќи да си ги наметнеме. Треба да се биде внимателен особено во филмската индустрија. Не можеме да го игнорираме дигиталното време, онлајн формите, иновативноста кои некои веднаш ја препознаа, но истовремено не смемее да дозволиме таа да (ни) се наметне и да стане наша идна реалност.

Филмот живее со публика, и тука мислам на публика во кино салите,  на фестивалите, на големото платно. Филмот не е само забава за дома, не е YouTube производ. Да, може да биде, но во суштина не е. И не само филмот и другите уметности да ги спасиме во таа смисла, да им дадеме нови можности и простор за креација но истовремено да ја задржиме нивната суштинска вредност. Да не се лажеме дека виртуелната посета на музеј може да ни биде достојна замена за физичката посета на истиот во некоја скора иднина. Или можеби мене ми изгледа тоа како лоша идна реалност. Оттука, мислам дека треба да сме свесни сите што правиме и на кој начин ќе делуваме, да не се залежиме премногу и да се спасиме од активно конзумирање уметност и култура, да не станеме мрзливи.

Секуловска: Како го гледате во иднина пазарот на културата и уметноста- дали ќе бидат неопходни реформи и целосно реструктурирање- каде акцентот ќе биде ставенна иновативност и експерименталност?

Дали ќе надвладее ваквиот тип на култура, наспроти индустријата на онлајн забава (не секогаш во вулгарна смисла е оваа забава)- кадешто предничи филмската индустрија.

Тозија: Веќе видовме дека реформите се неопходни барем во некои сегементи особено во филмската индустрија. Филмските маркети кадешто се случуваат главните средби помеѓу филмските продуценти, дистрибутери и други филмски професионалци се место кое е всушност двигател на филмската индустрија и затоа е неопходно ваквите настани да добијат нови форми, онлајн изданија и да наоѓаат решенија за едноставно да нема застој во оваа сфера. Слично како и другите индустрии што наоѓаат свои модалитети да преживеат односно да ја туркаат својата дејсност и во вакви многу тешки услови.

Мислам дека нема да надвладее ваква така наречена онлајн култура и уметност. Мислам дека тоа е само премостување во оваа криза, односно се надевам. Се надевам дека луѓето ќе сфатат што значат професионалните средби во живо, дека имаат сосема друго значење и друга тежина. Иако ќе биде тешко. Тешко во смисла дека од многу аспекти ќе зависат работите. Ако почнат да се поскапуваат авионските билети, ако луѓето почнат да бираат дека полесно им е од дома да ја завршат работата, ако тоа успева речиси совршено, ако студентите учат пред своите лап топи, тоа ќе значи дека светот се уморил од движење. Дека можеби му треба малце успорување. И тоа ќе наметне реформи, ќе биде неопходнода се направи ре-структурирање на сите сфери. Ќе видиме, јас сепак останувам на тоа дека важно е уметноста да не остане само онлајн.

Секуловска: Што е уметникот денес?

Тозија: Ако мене ме праша некој за мене уметникот денес е тој што автентично има порив да создава. И не само денес, туку од секогаш за мене тоа бил уметник. Тој што си наоѓа начин да твори во сите услови, тој којшто одбрал животот да го посвети само на тоа, дење и ноќе. Уметник е оној кој се бори со поривот свој да создава наспроти светот кој му дава постојани закани и граници.

Уметникот е тој кој создава наспороти немањето доволно средства да преживува. Уметникот не постои за да ја задоволи публиката, уметникот дава уметност затоашто не знае поинаку да живее. Зборувам за вистинскиот уметник. За жал од секогаш постоеле лажни уметници кои во толпата ќе се провлечат и ќе преживуваат, но историјата покажала дека вистинските уметници се тие кои го креираат културното наследство и историјата на уметноста, другото е минливо. Затоа е важно да си автентичен и секако искрен во она што го правиш. Да се погруваш со благородност каква што носи кретивната работа е исто како да си поигруваш со природата и тогаш треба да си подготвен дека таа може да ти се одмазди. Но, секогаш ќе постои и некој Моцарт и некој Салиери.

Секуловска: Колку може оваа криза да го уништи уметникот? Колку може сепак и тој да ја уништи неа?

Тозија: Ниту една криза низ историјата, без разлика дали е криза во смисла на болести, зарази, војни, природни катастрофи не успеала да го уништи уметникот, односно да бидам попрецизен да ја уништи уметноста. Познато е дека уметникот најмногу твори кога е во најдлабоката криза интимна пред се’. Рано е да се каже дали токму оваа криза влијаела на уметниците, дали и како ја пребродувале што се’ ќе се роди по ова. Мислам дека допрва ќе бидеме сведоци во годините што следат па ќе може да заклучиме дали кризата го уништила уметникот. Иако, јас не верувам. Мислам дека од овој период ќе излезат многу дела кои ќе сведочат на оваа ера и ќе не потсетуваат сите во какво време сме живееле. Убавината не може да се сопре, верувам како што вели Достоевски „таа ќе го спаси светот“.

Секуловска: Дали после оваа криза ќе заврши ерата на културата на тривијалност, вулгарност,  евтиност, културата на шундот и кичот, онаа селебрити култура, онаа култура на холивудски бесмислени спектакли и риалити шоуа? Или пак можеби оваа примитивна култура ќе се зацврсти на тронот, како неизбежен и единствен излез од суровата реалност со која сме опкружени- на болестите, смртта и безизлезноста?

Тозија: Зарем не постоела културата на шундот и кичот од секогаш?!? Да, точно е дека сега имаме можност повеќе да ја споделуваме и да ја гледаме, ама не верувам дека кризата е толку силна за да може да стави крај на сето ова. Затоа од секогаш било важно да се даде поддршка на вистинската уметност онаа која вреди и останува, онаа која замислува и има моќ да го преиспитува поредокот во кој живееме.

И таа е вечна борба, и во литературата и во музиката и во филмот и таа борба ја водат уметниците оние кои автентично творат, заедно со оние кои имаат моќ да им дадат простор и поддршка да творат. Затоа сите кои се занимаваме со култура имаме огромна одговорност кон тоа, мора да сме будни постојано, да ни трепка копчето alert, за да не станеме дел од лошото реално шоу.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

СВЕТ August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде на Милорад Додик мандатот на претседател на…

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.