Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Како да се убие вистинската дебата?

0
By Светлана Јовановска on January 21, 2014 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 21, 2014 16:45

Дали Европскиот парламент (ЕП) не обвинува дека во нашите редови има ултранационалисти и дали оваа респектирана институција сака да воведе двојазичност во Македонија?

Ако од вчера читате и слушате голем дел од македонските медиуми, лесно ќе заклучите дека тој европарламент не само што не е респектиран, туку е една предавничка институција која сака да ни воведе двојазичност, да ни го уништи идентитетот! И која не обвинува за утранационализам. Освен неколкумина европски пратеници кои, се разбира, доаѓаат од редовите на партиите кои и се блиски на нашата владеачка партија, сите други се души продадени на социјалистот Ричард Ховит, автор на резолуцијата за Македонија која беше изгласана во Комитетот за надворешни работи на ЕП.

Сепак, работите не се толку едноставни ниту пак било кој се обидува да ја покаже Македонија како ултранационалистичка или двојазична. Веднаш треба исто така да се подвлече дека резолуциите на ЕП немаат никаква обврзувачка законска дејност. Законите и одлуки остануваат само наши а резолуциите се компромисен документ каде се собрани мислењата на сите политички партии во ЕП.

Има една разлика помеѓу досегашните резолуции и оваа последната. Овој пат тонот на документот е далеку поостар од досега. Во него влегоа критики за нашата демократија какви што досега немало во ниту еден европски документ. Но, за нив не може речиси да се чуе ни збор. Сите извештаи се фокусирани врз ултранационализмот, двојазичноста.

И тука се поставува прашањето: како да се прескокнат објективните критики кои стојат во овој документ? Дека во Македонија нема слобода на изразување, дека медиумите се замолчени, дека нема политички дијалог, дека настаните од 24 декември 2012 година и понатаму се проблем, дека борбата против корупцијата е нејасна, дека долгите притвори и условите во затворите не се печат на демократска држава, дека судството е под влијание на власта… или пак реченицата која вели дека “широко распространетата перцепција дека времето и должината на законските процеси се под влијание на политиката запоставувајќи ја така довербата во судството, легитимитетот на владата и ослабнувањето на демократијата”.
Или пак дека, поради напредокот кон ЕУ на Албанија па дури и на Косово, “албанско население би можело да се почувствува оставено одзади во процесот што може да доведе до ризик за добрите меѓуетнички односи и идната политичка стабилност на земјата”.

Едноставно! Ќе се свртиме кон ултранационалзмот и двојазичноста!

Ултранационализмот постои за жал насекаде во Европа. Македонија не е исклучок. Во Македонија, каде што етничките Албанци се значителен процент на населението (тешко е да се каже колку ги има затоа што се уште не се осмелуваме да спроведеме попис), би било добро да се изучува јазикот на другиот.

Освен тоа слушнавме дека најголемиот број критики што се најдоа во резолуцијата се дело на бугарските и грчките пратеници. Ни требаат ли Грците и Бугарите за да се сетиме дека во нашата убава Македонија демократските процеси одамна се забегани и се наоѓаат во слепа улица?

ЕП се обидува да ни го покаже правиот пат. Неговата прва грижа не е тоа дали ние ќе влеземе во ЕУ и дали ќе го следиме патот на Србија. Она што го загрижува е македонската демократија која покажува сигнали на растројство.

Да се надеваме вистинската дебата за македонската состојба ќе го најде патот до сите нас. Двојазичноста и ултранационализмот во ЕП не се на дневен ред. Но на дневен ред е македонската демократија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.