НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Филипче во вртлогот на примитивизмот

0
By Биљана Секуловска on May 23, 2020 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Наместо да им се поклонуваме на докторите, медицинските сестри, болничарите и сиот медицински персонал,  ние одбравме да бидеме сосема поинаква земја, надвор од сите цивилизациски рамки. Ние имаме поинаква визија за светот и овоземскиот живот- нам примитивизмот ни налага да ги пречекоруваме вековите, ние итаме кон мрачниот, среден век.

Конечно, сиот успех на оваа држава ние го должиме на примитивците. Од нив зависиме, тие се нашиот патоказ, тие не водат како слепци, низ сите порти на беззаконието, незнаењето, игнорирањето. Нам светот ни станаа дивјаците, она диво племе од кое зависи нашиот живот- секој наш здив, секое наше ново, и ново страдање, од кое не можеме да избегаме во пандемијава.

Да им се поклониме на масовните собири, на оние граѓани кои хипнотизирано, натискани, во транс и занес, без никакви мерки и никаква почит кон живите, се надеваат на рајот на религијата. Тие имаат гаранции за нашата смрт, ги носат во џеб и ни ги доделуваат студено, и онака сите ќе заминеме еден ден, да го сториме тоа што побрзо и поболно, ни порачуваат.

Да им оддадеме ним почит, на оние граѓани кои ги следат литургиите, да паднеме на колена пред црквите и темјаните, пред џамиите и сите молитви, да им ги бацуваме златните ланци на поповите и оџите кои ја водат оваа земја низ магливите пророштва на пропаста.

Да пратиме еден длабок поклон на дополнителната министерка за финансии од ВМРО-ДПМНЕ, извесна Гордана Димитриевска- Кочовска, за која историјата го обезбедила нејзиното почесно место. Оваа, довчерашен анонимус, денеска веќе прославена лидерка на политичката бездна, најавува дека не потпишувала заем од 90 милиони евра од Светската банка.

Министерот Венко Филипче објаснува трпеливо дека тие пари се неопходни за опремување на клиниките, којзнае зошто, сите се прашуваме, зарем не? Во борбата против пандемијата на Корона вирусот, нам не ни се неопходни клиники, ниту лекови, ниту доктори, никакви машини, апарати, операции. Нам ќе не спаси религијата, нас ќе не спасат политичките амбиси кои ни ги сервира ВМРО-ДПМНЕ, можеби во некоја идна реинкарнација треба да се гледа спасот.

Нашите поклони можат да одат понатаму и кон лидерот на полициските сили- министерот Наќе Чулев, кој наместо да избере контроли, санкции и воспоставување ред во Коронските собири, забави и изживувања, се надева на онаа примитивна машинерија, која не меле веќе со месеци, која ни чука во главите со тапаните по тактот на племенските танци.

Да оставиме за крај поклон и за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски, за кој се објавуваат информации дека вршел притисок да не се истражува дали ги кршел рестриктивните мерки и посетувал теретани.  Што велите за условите на опозицијата за избори, за сите оние барања до власта за гаранции дека нема да почине ниту еден човек од вирусот, доколку се оди на избори,  има ли крај на апсурдите во оваа земја. Зарем мора и понатаму да се говори за срцето на племето, кое чука заедно, за да може со еден удар да бидеме покосени сите.

Ние се надеваме на примитивизмот, само тој ќе не спаси, само така можеме да се одржиме. Филипче мора да биде втурнат во тој вртлог, дивото племе да му го одредува судниот час,  и нам и него, како што само приличи на една мала, исплашена од нормалноста, една примитивна орда, од која никогаш нема да можеме да побегнеме.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.