Режисерот на Гравитација, Алфонсо Куарон е добитник на наградата на Режисерскиот еснаф на Америка (Directors Guild of America- DGA).
Престижната победа за драмата во вселената може да е сигнал за награда на Академијата во март.
Во 65-годишната историја на DGA, победникот само седум пати не успеал да земе Оскар за најдобар режисер.
На прифаќањето на наградата, Куарон рече:
-Што не можете да видите од горе (во вселената) е овој бизарен експеримент на природата кој е човечко искуство.