Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Мерцедесот на Мицкоски

0
By Биљана Секуловска on September 12, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, September 12, 2020 09:58

Протестирањето на ВМРО-ДПМНЕ за поскапувањето на струјата некои во јавноста остро го осудија, затоа што била безобразна и дрска пораката да се пишуваат пароли на протестот- дека луѓето немале за леб, но, каков престап тие направиле, внимавајте сега ве молам. Пораките за немањето леб кон кутриот и напатен народ беа залепени на бесни автомобили -Ауди 8 и, застанете сега- станува збор и за црвен спортски кабриолет Мерцедес.  Критичариве тврдат дека тоа не било соодветно, ги навредувале сите што навистина немаат за трошка, ги потценувале сиромашните и гладните, понижените и страдните. Е, да, кога навистина би било така.

Внимавајте, говориме за ВМРО-ДПМНЕ, партијата за која со гордост и сета се сеќаваме- низ годините на Груевски беше прогласувана за најбогата во Европа, но каква иронија е во прашање- истовремено, во најсиромашната земја.

Низ таа партија, низ нејзините лавиринти и тајни ходници тутнеа самоуверено и заканувачки сите сегашни и некогашни,  драги и бесрамни, дури и денеска некои од нив се пратеници.  Парадираше пред очите на мувлосаниот леб сиот раскош и блуд, е, да, тоа беа славни години.

Се нарачуваа слики во нивната природна големина, со заканувачки димензии, спремни да не голтнат и зошто не, да не стопат со воздухот, да не распрснат. Секој фунционер на тие слики имаше уште од колевка смислено поза, со раширени раце за да столчи што повеќе следбеници, со ококорени очи, во исчекување, како што пленот се демне пред да биде соџвакан. Груевски во преден план секогаш, небаре џин и великан на политичката сцена, иако длабоко свесен дека беше игнориран од западните демократии како заканувачко политичко џуџе. Беше исправен и надвиснат над самите слики, небаре сака да не раситни и протресе меѓу прстите, да не потсети за секоја трошка леб, колку зависи од него, колку не се може без него.

Маршираше низ Белата палата партиската војскаткоја во паника и лудило пред неколку години се чуваше со тенкови и борни коли за време на Шарената револуција,  го голташе сиот страв од истиот тој народ што тогаш навистина немаше за леб, е, да тоа беа тие времиња, за жал.

Сега Мицкоски се враќа на голема врата, во раскошен стил, на местото на злосторството, со Мерцедес кој е симбол на белег на едно време. Времето на Груевски, кога избега во Будимпешта, за да не се соочи со затворската казна токму за еден друг Мерцедес.

Затоа, нека протестира Мицкоски со тие негови црвени и сјајни коли, нека парадира, нека прегазува се што му стои на патот. Само така може да го потсети Заев како не смее во иднина, да го стресе со  сеќавање-кога станува  премногу, а треба само малку- да се пречекори тенката линија, како свилен гајтан предупредување, за секој лидер, кој не памти како може се да заврши.

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

ВЕСТИ June 20, 2026

Американскиот специјален пратеник Стив Виткоф и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи ќе…

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026

Трамп го потпиша мировниот договор со Иран, тврдејќи дека договорот спречува „светска депресија“

June 18, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.