Германија отвора независен центар кои ќе ги чешла сите музејски збирки на уметност ограбени од страна на нацистите,изјави министерот за култура на Германија ,Моника Грутерс за Франс Прес.
Властите во германската држава Баварија,чуваат тајна збирка на дела попозната како “Минхенската ризница“ за која се верува дека биле исчезнати и се претпоставувало дека се уништен во војната,но случајот „Гурлит“ го докажа спротивното што предизвика голема бура на критки од јавноста за контрола на евиденцијата на Германија во истражувањето и враќањето на украдените уметнички дела во сопственост на еврејските наследници.
Баварските официјални лица ја бранеше својата одлука дека збирка на дела морале да ја чуваат во тајност, и покрај меѓународните упаства која Германија ги потпиша во 1998 година, велејќи дека биле дел од доверлива даночна истрага и нивното потекло било важно за случајот.
Случајот „Гурлит“ неодамна откри 60 парчиња на украдени уметнички дела од страна на нацистите скриени во куќа во Австрија, која е во сопственост на осумдесет годишниот германски државјанин Гурлит кој побегнал во Салцзбурк во 2011 година за да избегне конфискација од страна на властите.
Откривањето на повеќе нерегистрирани богаства,вклучувајќи слики од импресионистички мајстори Моне,Реноар и Мане најверојатно ќе додаде само масло на огнената стихија на критики над Германија во справувањето со потенцијални украдени уметнички дела.Некои семејства на жртвите од Холокаустот приложија докази до министерот за култура Грутерс која во последната акција на министерството беа запленети 1400 дела во Минхен им припраѓаат на нив.