По повод премиерата на филмот “Монтевидео”, се гледаме, синоќа во киното Синеплекс во Скопје престојуваше еден дел од екипата која учествуваше во снимањето на филмот. Тука беа режисерот Драган Бјелогрлиќ и актерската екипа: Петар Стругар, Иван Зекиќ, Ненад Хераковиќ, Предраг Васиќ, Андрија Кузмановиќ, Раде Ќосиќ, како и македонската актерка Софија Куновска, која има улога во филмот.
Дејствието на филмот „Монтевидео, се гледаме“ е фокусирано на играчите на југословенската фудбалска репрезентација кои во 1930 година пристигаат во познатиот град во Уругвај, каде ќе се оддржи Светското фудбалско првенство. Покрај самите натпревари кои ги одигра тогашната репрезентација за време на првенството, во филмот паралелно се одвиваат приказни- љубовни, национални, фудбалско-професионални.