НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кај нас отпадот и понатаму е само ѓубре

0
By Нова ТВ on December 5, 2020 КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Речиси секое семејство во Словенија во својот дом има во просек три канти за ѓубре. Една во која го собира пластичниот отпад, друга за металот и стаклото и трета за органскиот отпад. Во Велика Британија домаќинставата го селектираат отпадот во седум биоразградливи ќеси со различна боја – посебна за секој вид на отпад. Во Македонија, за жал отпадот најчесто го фрламе во пластични неразградливи ќеси, неселектиран и во еден контејнер наменет за секаков вид.

Просечното ниво на селектирана пластика во европските земји е околу 50 проценти, а кај нас нема прецизни бројки, но предвидувањата се дека таа бројка е едноцифрена. Неформалните собирачи собираат околу 80 проценти од отпадот кој се рециклира. Мегу 3.000 и 5000 граѓани, во просек, се занимаваат секојдневно со неформално собирање отпад од пакување, најчесто пластика, но и хартија, метал и ретко стакло. Во Македонија на годишно ниво се создаваат околу 50 килограми отпад од пакување по жител или 115.000 тони. Од нив најчесто се рециклира одреден вид пластика, додека најголем дел од собраниот отпад од пакување, пластика, хартија и стакло се преработува надвор од државата.

Отпадот од пакување има висока економска вредност, а во вкупните количини комунален отпад е застапен меѓу 15 и 22 процента, но кај нас сеуште не се препознава како сериозен економски ресурс.

Ана Каранфилова Мазневска, раководител на секторот за управување со отпад во Министерството за животна средина вели дека сепак го препознаваат отпадот како ресурс, но за жал недостигаат системски решенија.

„Не би рекла дека не се препознава, но немаме сеуште системско решение. За жал отпадот сеуште не се собира соодветно на целата територија на земјата, а потоа нема ниту доволно капацитети за селектрирање на отпадот. Потребно е силна кампања за подигнување на светса кај граќаните за да почната да селектрираат отпад. Само со 100% собирање на отпадот и со селекција на истиот може да се извлечат корисни материјали кои ќе одат на преработка или рециклирање.“- вели Каранфилова Мазневска.

Ниското ниво на еколошка свест на граѓаните, недостатокот на системски решенија придонесуваат рециклирањето да биде на нивото на кое е денес. Поставувањето вендинг машини, каде што за одреден финансиски бенефит се собира амбалажен отпад одамна се дел од градовите во ЕУ. Од неодамна и во Скопје се поставија неколку вакви вендинг машини во централното градско подрачје, со најава дека ќе има и во другите населби. Со депонирањето на отпад од пакување во овие машини граѓаните добиваат одредени бенефиции, попусти или економски придобивки.

За Ико Брдаровски од Пакомак, една од водечките компании кај нас која се занимава со рециклирање и преработка на отпад овие машини се еден од начините да се подигне јавната свест за рециклирањето.

„Вториот начин на стимулација е доста непопуларен, но кога тогаш ќе треба да се применува, а тоа е казната за оние што не селектираат. Тоа во ЕУ земјите многу добро функционира. Едукација на населението, решавање на проблемот со неформалните соборачи на отпад односно нивно формалиирање и ставање под контрола. Таа популација покрај тоа што собираат одредена количина на пластични шишиња редовно ги уништуваат контејнерите за селекција на пластика што го оневозможува останатото население да го селектира отпадот. Потоа, отпадот од пакување се меша со останатиот отпад, а неформалните собирачи пак од измешаниот отпад не ги собираат идеално сите шишиња и тие несобраните
завршуваат на депонија.“- констатира Брдаровски.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Северна Македонија во 2019 година изнесува 632 484 тони. Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 542 664 тони или 85.8 %, а најмало количество отпадот од гума – 778 тони или 0.1 % од вкупното количество собран комунален отпад. И додека одредени европски земји го намалуваат количевството на генериран комунален отпад, а го зголемуваат количевството на рециклиран отпад, кај нас податоците велат дека годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2019 година изнесува 456 кг по жител, што е за  10.7 % повеќе од истото количество во 2018 година.

Во меѓувреме, земјите членки на ЕУ до 2021 во целост ќе ја забранат употребата на пластики за една употреба. И кај нас вакви одлуки се најавуваат, но за блиска иднина. Ќе се предвиди со новите закони, но примената на овие одредби е планирана за после 2025 година, зошто е потребно време да се даде на индустријата да се прилагоди на пазарот – вели
Каранфилова Мазневска.

Според Еуростат, во изминатите години една земја се издвојува високо и над европскиот просек по стапката на рециклирање пластика, Литванија, а позади неа се Кипар, Словенија, Чешка, Словачка, Холандија, Шведска… Споредено со 2005 година, за 18, 4 проценти е зголемена просечната стапка на рециклирање пластика во ЕУ.

„Ако сакаме да се приближиме до овој просек и да придонесеме кон почиста животна средина, но и да почнеме реално да го вреднуваме отпадот како економски ресурс неопходни се нови законски решенија, но и нивно доследно спроведување. Во следниве 2-3 месеци конечно да се изгласа новиот закон за управување со отпад од пакување бидејки истиот нема никакви суштински промени во последниве 10 години од неговото донесување. Потоа очекуваме негова доследна имплементација како и тоа најмногу од надлежните органи и инспекции. Ако ова се имплементира ќе имаме значителни промени во односот на рециклирањето кај нас“ – заклучува Брдаровски.

Јордан Дуков

-Текстот е изработен во рамки на проектот „ЕНВ.нет го факторизира портфолиото за животната средина на Западен Балкан и Турција во агендата на политиките на ЕУ“, финансиски поддржан од страна на Европската унија. Содржината на текстот е единствена одговорност на авторот и на никаков начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Европската Унија

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025

Во Албанија откриена прва статуа на Исус Христос во стилот на бразилската скулптура

August 21, 2025

Анкета на Ројтерс/Ипсос: Повеќето Американци веруваат дека сите членки на ОН треба да ја признаат Палестина

August 21, 2025

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025
ФОКУС

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

ВЕСТИ August 21, 2025

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе продолжи со плановите за воена акција и…

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.