Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои се луѓето на украинската опозиција?

0
By Нова ТВ on February 22, 2014 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 22, 2014 11:51

Украинската опозиција има една заедничка желба – да го види грбот на претседателот Виктор Јанукович и да се избере нова власт во земјата. Но, тоа е можеби и единствената желба која тие ја делат.

Витали Кличко е најпознатото име на украинската опозиција. Поранешен боксер, со импозантни 2 метри височина и 42 години, Кличко одлучи да и стави крај на боксерската кариера и има намера да биде кандидат на наредните претседателски избори. Кличко е на чело на партијата Удар.

Според германскиот весник “Дер Шпигел” Кличко ја има поддршката на Ангела Меркел која одлучила да му помогне да стане главната сила на опозицијата. Удар има логистичка поддршка од Фондацијата Конрад Аденаунер и десната партија на Меркел.

Тој е роден во Киргистан каде што татко му бил офицер испратен од советската армија. Кличко живеел во повеќе места на СССР.Тој зборува повеќе јазици. Познат е како голем борец против корупцијата. За него велат дека е милионер кој успеал богатството да го стекне на чесен начин преку своите спортски успеси.

Вториот противник на Јанукович е партијата “Свобода” која до 2004 година се викаше Национал-социјалистичка партија и која го остави настрана симболот кој наликуваше на кукастиот крст на нацистите. Сепак, оваа партија останува да биде неофашистичка со расистички и антисемитски тонови. “Свобода”, на пример, секоја година го слави создавањето на украинската дивизија “Галичина” на СС бригадите.

На нејзино чело е Олег Тиагнибок, хирург. Томку тој во повеќе наврати има ултранационалистички и антисемистки изјави кои подоцна се обидувал да ги демантира.

Роден е во Лвов во 1968 година во семејство на лекари. Тој два пати беше избран како пратеник во 1998 и 2006 година но беше избркан од својата пратеничка група токму поради ултранационалистичките изјави. Во 2010 година тој доби одвај еден отсто од гласовите но неговата партија имаше спектакуларен успех во 2012 година со 10 отсто од гласовите.

“Свобода” освои 10 отсто од гласовите на изборите во 2012 година и испрати 38 пратеници во парламентот. Партијата е противник на Јанукович и на Русија. Поддржувачите на партијата се најрадикални и томку тие ја срушија статуата на Ленин во Киев

Третиот лидер е Арсени Јасениук кој е на чело на партијата “Баткившчина” што значи татковина. Тој влезе во политиката за време на портокаловата револуција во 2004 година и беше министер за економија и надворешни работи како и претседателот на парламентот. Овој адвокат е близок до Јулија Тимошенко и една од историските фигури на опозицијата.

Неговиот политички успех е брз. Правник и економист тој е познат како про европски политичар и добар економист. Во 2010 година тој доби 7 отсто од гласовите но и ја одби понудата на Јанукович да влезе во владата.

Но, во редовите на протестите можат да се видат и многу студенти, независни новинари, претставници на невладините организации и граѓани кои во настаните влегле преку социјалните мрежи.

Според рускиот печат трите партии веќе си ги поделиле улогите кога ќе се формира нова влада. Јасениук би бил премиер но ослободувањето на Тимошенко може и неа да ја донесе на чело на владата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 4, 2026Updated:May 4, 2026

123 години од смртта на Гоце Делчев

ВЕСТИ May 4, 2026

Македонскиот револуционер Гоце Делчев е роден на 4ти февруари 1872 во Кукуш, Егејска Македонија идеолог,…

Техеран: Иран испрати план од 14 точки до САД – Прекин на војната за 30 дена и нов режим за Ормуз

May 3, 2026

103-ка

May 1, 2026

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.