НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Безобразната дигитализација на Царовска

0
By Биљана Секуловска on May 1, 2021 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зошто во Србија ќе се гради фабрика за ПЦР тестови и погон за секвенционирање на геноми? Имаше најава и за производство на вакцини, нели? Зошто Србија може, а Македонија не? Тука не се работи за дилемата дали Вучиќ е поспособен од Заев, сигурно. Има многу подлабоки, многу посуштински и трагични  причини зошто Србија може, а ние- секогаш не.

Првата, можеби и клучна причина, најверојатно е фактот што ние дури и не можеме да го изговориме зборот- секвенционирање.

Не велиме да го разбереме, најмалку помислуваме да дебатираме и анализираме, никако не сме дошле до таа фаза на човечкиот развој  да понудиме решенија, да не се преценуваме, сепак. Туку само, единствено, за почеток, да се обидеме да го изговориме.

Дури и да го поделиме во слогови, треба исклучителен напор, од кој одамна ние сме кренале раце. Буква по буква, развлечени слогови за да се упрости зборот, децении развлекување, паѓање, па станување, кршење на јазикот, петелчење, превиткување, ништо од тоа нам не ни оди.

Нам ни остануваат поедноставни, прости и строги македонски зборови, некои од нив всушност и се турцизми, но се одомаќиниле, останале да се развлекуваат, се закотвиле со цел да го збогатуваат јазикот, но никаде тука не може да се види нашиот придонес за нешто подобро и повеќе. Ние не сме тргнале понатаму и поважно од тоа.

Во ќепенец, ние сме отсекогаш зад стариот, сосема распаднат, импровизиран, со трули даски, мувлосан и рѓосан, раштркан на сите страни, кутриот тој ќепенец. Затворени, забрикадирани  од надворешниот свет, о, да, по свој избор, улулкани во ароганцијата и самодовербата- нашиот ќепенец е се што имаме и се што сме посакувале.

Ќенев, земете го зборот ќенев. Колку градови и села во оваа земја немаат воопшто канализација, некаде воопшто, некаде не се функционални. Колку ќенефи прават еден живот, колку животи треба да поминат, за да го надмудриме времето, за да ги надминеме старите, заостанати, примитивни ќенефи, да направиме што и да е. Видете, во останатиот свет се е повеличенствено од еден обичен, расклатен, мизерен, а сепак, емиркустуровски живописен, ќенеф.

И така, низ вековите, ние некако опстануваме во нашата ќерамидница од земја, од која секојдневно паѓаат трошни ќерамиди по нашите тврди глави, се ронат и не осакатуваат понекогаш. Но, ние секогаш мислиме и тврдиме дека сме жилави, опасна сорта, нашите глави се неверојатно цврсти, непробојни, преживуваме сепак, за чудо, какво е тоа големо, фасцинантно чудо, за кое светот никогаш не се сетил да падне на теме.

Секвенционирање. Да почнеме да се обидуваме да го изговараме овој збор. Можеби следниот век ќе знаеме и да го напишеме.

Ви велам, не е ова текст против оваа власт. Ова е само прослава на нашите последни денови од сознанието дека постои комплициран, неразбирлив и неизговорлив збор, кој допрва треба да се дешифрира и проучува во тетратките на нашите деца, на кои секако дека не им треба еднакво нејасниот и тежок за изговарање збор- дигитализација- онаа, на Мила Царовска.  Затоа што, ние како родители сме им оставиле за проучување доволно ќенефи за цел живот. Тоа е нашето наследство, и толку можеме, ни милиметар повеќе од тоа.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.