Светската здравствена организација за прв пат во историјата на своето постоење одобри кинеска вакцина против заразна болест.
-Вакцината, една од двете кинески вакцини што веќе се дадени на стотици милиони луѓе во Кина и во странство, е исто така и првата вакцина за корона вирусот одобрена од СЗО, која не е развиена на Запад, наведува Ројтерс
Фактот дека вакцината Синофарм се наоѓа на списокот на СЗО со итни вакцини е знак за националните регулатори дека е ефикасна и безбедна и ќе овозможи да биде вклучена во системот Ковакс, глобална програма за сиромашните земји.
СЗО досега одобри итна употреба на вакцини за Ковид-19 развиени од Фајзер/БионТек, АстраЗенека, Јансен на Џонсон&Џонсон и Модерна.