НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Грлиќ Радман во пресрет на министерскиот состанок на ЕУ: Почеток на преговорите со С.Македонија и Албанија

0
By Нова ТВ on May 10, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Хрватскиот министер за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман, пред денешниот состанокот на министрите на ЕУ во Брисел, изјави дека на ЕУ и е потребен дополнителен политички ангажман и стратешки пристап кон Западен Балкан и дека партнерите во регионот мора да покажат резултати во областите на демократската трансформација, човековите права и владеењето на правото, јави дописникот на МИА од Белград.

-Тоа е клучно за нивниот европски пат, но секако мора да им помогнеме да го исполниме и нашиот дел. Тоа значи почеток на преговорите со Северна Македонија и Албанија и визна либерализација за Косово. Црна Гора мора да остане посветена на патот кон ЕУ, а Србија мора да се фокусира на реформите и надминувањето на наследството од војната, изјави хрватскиот министер за надворешни работи.

Кога станува збор за БиХ, Грлиќ Радман ја истакна важноста на трите конститутивни народи како „клуч за функционалноста и стабилноста на земјата и нејзиниот европски пат“.

Тој истакна дека ЕУ треба да се ангажира и да инвестира во стабилноста и безбедноста на Западен Балкан, бидејќи тоа е инвестиција во стабилноста и безбедноста на Европа.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брисел ќе одржат расправа за засилен политички ангажман на ЕУ со партнерите од Западен Балкан, а пред почетокот, високиот претставник на ЕУ и потпретседател на Европската комисија Жозеп Борел изјави дека Унијата сака да му понуди на регионот подобра европска перспектива .

Борел изјави дека состојбата на Западен Балкан е една од најважните теми за кои ќе разговараат министрите за надворешни работи на ЕУ.

-Ние сакаме да имаме нов увид во ситуацијата на Западен Балкан и да видиме како можеме повеќе да се вклучиме во регионот, рече Борел.

Како што беше претходно најавено, Борел на министрите на состанокот ќе им претстави „нон-пејпер“ на кој е посочено дека е „јасна цел на Западен Балкан е полноправното членство во ЕУ, и секој предлог за некој друг пат е одвлекување на вниманието со лоши последици за силната работа што мора да се направи за да се постигне визијата за обединета, силна и просперитетна Европа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.