НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Крајно ранлива група во пандемијата: Над 2 000 бегалци стигнаа во Италија за 24 часа

0
By НОВА ТВ on May 12, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

The Guardian известува дека на малиот италијански остров Лампедуса стигнати се над 2 000 бегалци и мигранти во последните 24 часа. Бегалците (односно барачите на азил) стигнале до италијанскиот остров со бродови кои биле оперирани од страна на шверцери на луѓе – за жал, оваа е најчесто единствената опција која барачите на азил за имаат за да избегаат од опасни ситуации во нивните татковини. Бегалците кои дошле во Италија оваа недела се од држави во субсахарска Африка, Пакистан и Сирија.

Во неделата пристигнал брод со 1 400 мигранти и бегалци, а потоа дошле и уште 4 бродови со по 635 патници.

Заради неочекуваноста на големиот број на новодојдени луѓе, на Лампедуса немало доволно капацитет во мигрантските центри. Стотици бегалци морале да спијат на отворено на самите пристаништа.

Локалната влада на Лампедуса предводена од градоначалникот Салваторе Мортело спроведуваше масовна вакцинациска кампања на малиот остров за да се спремаат луѓето за летната сезона. Но сега со пристигнувањето на овој неочекуван број бегалци може и да настане нов кластер на Корона вирусни инфекции кои би можеле да го загрозат јавното здравје на островот, особено бидејќи нема соодветни услови каде бегалците би можеле да се изолираат. Заради ова градоначалникот Мортело бара помош од италијанската влада.

Оваа криза се случува откако најмалку пет бегалци загинаа во неделата кога нивниот брод се преврте кај либискиот брег, додека тие се обидуваа да стигнат до Европа. Хуманитарна организација смета дека меѓу петте мртви има и новороденче.

Таканаречената „бегалска криза“ во Европа започна негде во 2011 со почетокот на војната во Сирија каде беа и сѐ уште се инволвирани повеќе глобални сили, како САД и Русија. Односно оваа криза не е локален проблем или резултат на граѓанската војна туку, е резултат на надворешната политика на различни големи сили. Оваа криза практично никогаш не заврши, но за време на пандемијата стана полесно на многу владини и ЕУ тела да ја игнорираат кризата кога најголем фокус се даде на бројот на заболени од Ковид-19, вакцинациските обиди итн.

За време на Ковид кризата, односно на 9ти септември, 2020 изгоре бегалскиот камп Мориа во Грција. Во кампот престојуваа над 12 000 луѓе иако тој имаше официјален капацитет за само 3 000. По горењето на кампот се изгради нов камп со уште полоши услови. Односно бегалците и барачите на азил континуирано се соочуваат со лоши услови низ Европа и за време на пандемијата стана полесно од било кога да се игнорираат нивните проблеми. Во интервју кое јас го водев за Jacobin magazine со грчкиот професор по социологија Никос Ксиполитас, тој го кажа следното околу што значеше пандемијата за бегалците:

„Но, во однос на „менаџирањето со миграцијата“, Ковид-19 беше дар од Бога, бидејќи многу протестираната идеја за затворен [Мориа] камп сега стана прифатлива. (…)  Ковид-19 пандемијата помогна да се претвори прашањето за менаџирањето со бегалците во проблем со фокус на јавното здравство,“ ми кажа Ксиполитас.

„Сега, дури и ако ги поддржуваме „бедните на земјата“, постои апсолутно рационална причина зошто тие треба да избегнуваат контакт со локалното население, бидејќи тоа може да биде катастрофално за секого. Така, одеднаш, се појави нов наратив кој ја поттикнува поддршката за задржување на бегалците [во кампови со ужасни услови] со наводната цел за да се заштити јавното здравје,“ рече Ксиполитас.

 

Елена Гаговска

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025
ФОКУС

123 нови загинати палестинци во израелски напади за последното деноноќје

ВЕСТИ August 13, 2025

Израелската војска денеска повторно го бомбардираше градот Газа пред планираното преземање, при што уште 123…

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

August 12, 2025

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.