НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Царовска: Протестите се уставно право, но образовната реформа продолжува

0
By Нова ТВ on May 12, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за образование и наука Мила Царовска смета дека најавените протести и иницијатива за референдум за образовните реформи се уставно загарантирано право, но, нагласи дека реформата ќе продолжи со цел во фокусот на образованието да се стави ученикот и неговите потреби, затоа што таа не само што не е избрзана, туку можеби и задоцнета. Паралелно, рече таа, ќе се инвестир аи во инфраструктура и во обуки и зајакнување на наставниот кадар. Резултати од новата образовна концепција, нагласи, може да се очекуваат по пет-шест години.

– Се се тоа уставно загарантирани права. Од иницијативата ги поставија барањата, ние како МОН имавме средба со нив им одговоривме на нивните барања, кои главно се одесуваат на тоа да се исклучи родовата еднаквост од образовниот систем. За тоа има закони кои се поминати во Собранието и гласани од сите политички партии, што значи дека има консензус за почитување на родовата рамноправност, што е и уставно загарантирано право и треба да биде дел од образовниот систем. Државата има ратификувано и многу конвенции и има обврска да се придржува и да рапортира кон нив. Сметам дека одговорите што ги добија во иницијативата ќе ги разгледаат и ќе расправаат по нив, рече Царовска, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на училиштето „11 Октомври“.

Според неа, инфраструктурата во образоанието е само еден сегмент од кавилитетот на наставата. Квалитетна настава, нагласи, може да се држи и во различни нивоа на услови. Тоа, според Царовска, значи дека наставниците треба да се обучени и да имаат потребна дидактика и материјали за учење преку кои ќе им ги пренесат знаењата на учениците.

-Ние со години сме заборавиле да инвестираме во училишна инфраструктура. Се инвестирало во споменици и други приоритети, заборавајќи притоа дека единствен или најголем потенцијал се луѓето. Тие поминуваат низ образоваен систем за понатаму да бидат продуктивни граѓани кои ги почитуваат граѓанските вредности и знаат да се справуваат со сите предизвици кои ги носи современото време. Со новата концепција го правиме тоа. Нашите ученици ги изложуваме на знаење и преку системи кои се светски познати, преку интеграција на содржините и информациите ќе се носат до одредени заклучоци и преиспитување на се она што е поставено таму, затоа што современото време е прединамично, а ние во нашите учебници имаме толку застарени  информации што не им служат ниту на учениците, ниту на наставниците, нагласи министерката за образование.

Според неа, реформите што треба да се спроведат не се избрзани, туку дури и задоцнети.

-Ако сме го направеле пред 10 години немаше денеска да бидеме ниско на меѓународните тестирања кои покажуваат не дека нашите деца не можат да научат, туку оти систмот на кој ние ги учиме не е соодветен, затоа што меѓународните тестирања бараат поврзување на знаењата од различни научни дисциплини и доаѓање до одреден заклучок. Нашите ученици, жално, но, вистинито, не се подготвени за ваков тип на соочување со предизвиците што ги носи новото време. Концепцијата ќе почне да се спроведува и очекуваме да даде резултати по пет шест години. Паралено ќе се инвестира во сите три компоненти и инфраструктура, наставни програми и материјали и наставници, рече Царовска.

Според неа, во насока на зголемување на интегритетот на просветните работници е и новиот предложен закон за наставници, согласно кој, како што рече, ќе се вработуваат веднаш на неопределено време и ќе можат да напредуваат.

-Со законот за наставници кој е во Собранието се овоможува чекор на ослободување на наставниот кадар или ако досега требаше наставник да биде вработен на итни и неодложни три или шест месеци, па потоа да биде на една година, па на уште една за да стигне до две години за да добие можност да му се транформира работното место, што беа алатки за да ги држат несигурни наставниците и да ги заведуваат кон разчини активности, сега наставникот се вработува на неопределено време. Со тоа, како секаде во светот ќе има обврска единствено да се фокусира на учениците, а не на тоа како ќе го задржи своето работно место загарантирано со закон, истакна министерката Царовска.

Дополнително на зајакнувањето на наставниците, според министерката, ќе влијаат и постојаните обуки и можноста за кариерен развој.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.