НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

И децата помеѓу 12 и 16 години ќе примат анти ковид вакцина?

0
By Biljana on May 28, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дали децата на возраст од 12 до 16 години во земјава ќе треба да ја примат вакцината на „Фајзер“ пред да се вратат во училишните клупи? Ваква анализа летово ќе прават експерти од Комитетот за имунизација, најави министерот за здравство, Венко Филипче. Тој вели дека епидемиолозите од Комисијата за заразни болести пак ќе треба да ги подготват протоколите за враќање на учениците во училишните клупи.

„Комисијата за заразни болести во текот на следните месеци ќе изготви протокол со препораки за тоа како ќе се одвива следната учебна година, како ќе се одвива наставата во една училница, со колкав број на ученици, насоки за проветрување и циркулација на воздух… “, рече Филипче.

Во однос на наставата со физичко присуство и премиерот Зоран Заев вели оти тој лично е на став дека децата треба да се вратат во училиште, но крајниот збор сепак ќе го има здравствената Комисија.

„Најважно е каква ќе биде состојбата кон крајот на август. Сепак, јас лично сум за настава со физичко присуство. Мислам дека ќе имаме стабилна состојба и сега ова, кога бројките се намалени, би требало да биде добра основа за настава со физичко присуство. Ако потоа има потреба ќе одиме со затварање или други мерки“, рече Заев одговарајќи на новинарско прашање.

Инаку, неодамна компанијата „Фајзер/Бионтек“ соопшти дека вакцината против ковид-19 од нивно производство  е безбедна и до 100 процнети ефикасна кај деца од 12 до 15 години. Студијата била спроведена на 2.260 доброволци во САД.

Надлежните кај нас велат дека, доколку се утврди оти оваа вакцина може да се дава кај деца на возраст над 12 години, за имунизација ќе се користат количините кои земјава веќе ги има обезбедено, како од производителот, така и оние кои треба да стигнат преку Ковакс механизмот.

Билјана Божиновска

Вакцина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.