НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шабани: И покрај пандемијата, учебната година заврши успешно

0
By Ivana on June 9, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Учебната година и покрај предизвиците на пандемијата успешно заврши, што се должи на големиот ангажман на Министерството за образование и наука како и на сите други директни и индиректни учесници во образовниот процес, рече заменик министерот за образование и наука, Арафат Шабани, во емисијата „200“ на Алсат.

„Анализите на Министерството за образование и наука се дека учебната година, особено за основните и средните училишта, завршува според очекувањата и предвидувањата што ги имавме од почетокот на учебната година. Ова беше потврдено и со истражувањето што го направи УНИЦЕФ“, рече Шабани.

Заменик министерот објасни дека враќањето на учениците со физичко присуство во училиштата зависи од епидемиолошката состојба и не треба да се поврзува со реформите на кои работи министерството.

„Има мислења кои дигитализацијата и реформите што ги правиме ги поврзуваат со онлајн наставата. Овие прашања не се никако меѓусебно поврзани и треба да се одвојат“.

Шабани нагласи дека фокусот на јавноста е свртен кон реформата на основното образование, но Министерството за образование и наука паралелно работи и на новиот концепт на средно образование – на стручното и на гимназиското образование, како и на усогласување на регулативата, а законите за наставници и за учебници и дидактички материјали се во собраниска процедура.

Реформите на кои работи Министерството за образование и наука се прават со единствена цел да се зголеми квалитетот на образованието и да го достигне квалитетот што го има образованието во развиените држави, објасни заменик министерот.

МОН во делот на високото образование финансира додипломски и постдипломски студии на престижни универзитети рангирани во првите 100 на светската ранг листа, но со услов по завршувањето тие да се вратат и со стекнатото знаење да придонесат во нашата држава.

„Ги сензибилизираме универзитетите да не мислат само на квантитет кога запишуваат студенти, што посебно е изразено кај државните универзитети. Со отворањето на

вратите за нашите млади во Европа и пошироко, треба да се зголеми грижата на универзитетите да ги мотивираат матуранти за студии на нивните универзитети. Универзитетите треба да се тркаат со квалитет“, потенцираше Шабани, додавајќи дека младите луѓе можат да се привлечат да студираат на домашен факултет ако им нуди квалитетни студии кои ќе ги подготват за пазарот на труд.

Заменик министерот Шабани е и раководител на преговарачката група во име на Северна Македонија за договорот за Програмата „Хоризонт Европа“ 2021-2027. Оваа програма е продолжување на програмата Хоризонт 2020 за наука, иновации и технологија на ниво на ЕУ и има фонд од 100 милијарди евра за финансирање на истражувачки и научни проекти. Објаснувајќи дека години наназад повеќе сме инвестирале во овие програми отколку што сме ги користеле, Шабани рече дека искористувањето на овие средства може да го крене квалитетот на нашите универзитети, посебно во делот на науката.

Пандемија учебна година Шабани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.