НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На 10 декември од сега па натаму ќе се доделува наградата за човекови права „Мето Јовановски“

0
By НОВА ТВ on July 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Собранието денеска ја усвои предлог – одлуката за именување на претседател и членови на Oдборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски”. Во Македонија за првпат ќе доделува награда за човекови права, и тоа на Меѓународниот ден на човековите права на 10 декември.

За претседател на Одборот, Собранието ја именуваше извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска. Додека членови на Одборот ќе бидат извршната директорка на Фондацијата Отворено општество Македонија, Фани Каранфилова – Пановска, претседателот на НВО Асоцијација за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар, Алберт Муслиу, претседателката на Институтот за човекови права и поранешната судијка на Европскиот суд за човекови права, Маргарита Цаца Николовска, извршната директорка на Колаицијата „Маргини“, Ирена Цветковиќ, извршната директорка на Националната мрежа против насилство врз жените и семејно наслиство – Глас против насилство, Елена Димушевска, Несиме Салиоска, претставничка на организацијата за заштита на правата на Ромите, Звонко Шаврески од Полио Плус, Бојан Јовановски, извршен директор на ХЕРА, Ана Чоловиќ Лешоска од Еко – свест, Кристина Ампева од Зружение Гласен Текстилец и Бардил Јашари од Фондација „Метаморфозис“.

Владата уште во 2018 година ја усвои информацијата за воведување нова државна награда, која ќе го носи името на Мето Јовановски (1928-2016).

Јовановски беше истакнат активист за човекови права. Тој беше и претседател на Македонскиот ПЕН центар, припадник на повоената генерација македонски писатели кои меѓу првите пишуваа на македонски јазик и го создаваа и ширеа македонскиот јазик.

Во кариерата долга шест децении, творештвото на Мето Јовановски брои над 30 книжевни дела.

Објавуваше збирки песни, раскази, романи, песни за деца, а од нив, особено расказите, се објавувани на повеќе светски јазици, а Јовановски преведуваше од англиски и руски јазик. Автор е на расказите  и негови најпознати дела преведувани на повеќе светски јазици: „Јадреш“, 1957, „Мени на мојата месечина“, 1959,  „Првите човекови умирања“, 1971,  „Патот до осамата“, 1978, „Крстопат кон спокојот“, 1987, „Љубовта на Грифонот“, 2005.

Ги напиша романите „Хајка на пеперутки“, 1957 „Слана во цутот на бадемите“, 1965, „Земја и тегоба“, 1968„Сведоци“, 1970„Будалетинки“, 1973, „Орловата долина“, 1979, „Крлежи“, 1984 и „Балканска книга на умрените или Ослободување преку зборување“, 1992.

Автор е и на две книги за деца „Љуман арамијата“ од 1954 и „Војвода над војводите“ од 1980.

државна награда Мето Јовановски човекови права
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.