Времето во земјава ќе биде променливо облачно и посвежо, a во првиот дел од денот ќе има локален пороен дожд и грмежи.
Како што информираат од Управата за хидрометеролошки работи, се очекува да дува слаб северозападен ветар кој ќе се засилува долж Повардарието.
Утринската температура ќе се движи од 15 до 24 степени, а максималната ќе достигне од 29 до 37 степени.