НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Науме Радически: Човекот во кој живееше историјата

0
By Нова ТВ on May 7, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

In memoriam: Науме Радически
(1953-2014)

ЧОВЕКОТ ВО КОЈ ЖИВЕЕШЕ ИСТОРИЈАТА

Тивко, како капка знаење што упорно, небаре со столетија (а само шеесет години, човечки) длаби камен. Што е силата на капката спрема силата на каменот? Навидум ништо. Но, капка по капка, и каменот на незнаењето е здробен: потребно е само време и трпение. Така работеше, упорно, свесен за својата сила на малото и човечкото, нашиот колега, редовниот професор на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности, писателот и човекот Науме Радически.

Замина тивко, во понеделникот, на работен ден, онака како што и живееше: капката просвета и светлина одеднаш престана да капе врз каменот на незнаењето. Замина последниот претставник на таканаречената „историска“ (дијахрониска) школа на знајбите за лепословието, или науката за книжевност. Радически беше последната жива енциклопедија која чекореше по аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје: знаеше на кој датум Рајко Жинзифов се сретнал со некого (и што пиеле), на кој датум и која година Гане Тодоровски имал интервју на тема македонскиот патриотизам и литературата (и што јаделе и пиеле), знаеше, подредено, по часови, денови, месеци и години сѐ што е објавено во нашата книжевност, во јужнословенските книжевности, знаеше точно колку критики (и какви, и од кого) се објавени за поединечни дела. Тој беше меморија на нашата, македонска, но и на јужнословенските книжевности.

Знаеше, честопати, да ни каже (особено на помладите колеги) од каде потекнуваат, од кое семејство се, знаеше цели македонски родословија, знаеше да ни всади љубов кон историјата и времето, затоа што (во тоа цврсто веруваше) – не може да се проучува книжевно дело без биографски, историографски и социолошки податоци. Во нововремената поплава на најразлични теоретски погледи и „изми“ (структурализам, постструктурализам, деконструкција, феминизам, пост-колонијализам, постмодернизам) тој му остана верен на сопствениот метод: дијахронија. Време. Иако беше упатен во сето ново што како теоретска мода доаѓа и си оди, тој остана верен на своите сеќавања, затоа што, како и Кирил Пејчиновиќ (кој длабеше записи во камен да не заборавиме), Блаже Конески, Харалампие Поленаковиќ, Кирил Пенушлиски Миодраг Друговац, Гане Тодоровски – го имаше истиот духовен (спиритуален) импулс: да се пренесе сигнал до поколенијата, да се запомни, да не се заборави!

Пишуваше критики и за најголеми и за „најмали“ писатели: не потценуваше никого. Сметаше дека секоја книга заслужува внимание. За него книгата беше култ, споменик на нечиј живот, макар тој живот и да не извршил колосални влијанија врз развојот на националниот или светскиот литературен организам. Пишуваше совесно, како да е секогаш почетник, беше строг но праведен професор, беше строг кон другите, но најстрог кон себеси. Не можеше да си прости ако не знае некој податок. Ги извиваше веѓите кога нешто му беше непознато. Читаше манијакално. Пишуваше одбрано, со голема задршка кон она што го знае. А кога купуваше книги (на Саемите за книги), купуваше со куфери. Го бркавме по Белград и Софија да не задоцниме на автобусот!

Науме Радически ни остави: 6 книги поезија и 12 книги критики и есеи, препеви од јужнословенски јазици, ликовни критики и ликовни есеи. Ни остави и голема болка по неговото заминување. Ние, неговите колеги знаеме дека сега, кога чукна мигот во кој ниту Науме е во времето, ниту тоа е во него (негова е безвременоста, односно вечноста), ќе недостига онаа капка што упорно го длаби каменот на незнаењето. Сега, кога ниту времето е во него, ниту тој во времето, можеби е време некој сериозно да ја продолжи неговата опсесија од времето: да се запонни се, да не се заборави ништо! Најмалку неговото дело.

Со љубов и почит,
колегите од Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности,
Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.