НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од починатите 26 вакцинирани во една недела, повеќето биле имунизирани со Синофарм

0
By НОВА ТВ Balaban on October 19, 2021 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер. Тројца со вакцина Астра Зенека, четири починати пациенти со Ковид 19, примиле вакцина  Синовак, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години. 

Министерството за здравство денеска соопшти дека неделно ќе ја информира јавноста за починати лица со Ковид 19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле  две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена.

Во период од 08.10-14.10.2021, починале 105 пациенти со Ковид 19, од нив над 75 % биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, само 26 пациенти починати со Ковид 19, биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години, информираат од Министерството за здравство.

Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер. Тројца со вакцина Астра Зенека, четири починати пациенти со Ковид 19, примиле вакцина  Синовак, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм.

Министерството за здравство информира и за возраста и хроничните заболувања што ги имале 26-те пациенти, кои починале со ковид.

8 октомври

Пријавени за починати 16 пациенти со Ковид 19, а петмина од починатите биле вакцинирани:

84 год. кардиолошко заболување

62 год. кардиолошко заболување

78 год. кардиолошко заболување

63 год. кардиолошко заболување и дијабет

73 год. кардиолошко заболување и дијабет

9 октомври

Пријавени за починати се 18 пациенти, само 1 од пациентите бил вакциниран. Пациентот имал 80 години и имал две хронични заболувања дијабет и кардиолошко заболување.

10 октомври

14 пациенти пријавени за починати, од нив 3 вакцинирани.

64 год. кардиолошко и малигно заболување

59 год. со кардиолошко заболување

68 год. кардиолошко заболување и дијабет

11 октомври

18 пациенти пријавени за починати од нив 6 вакцинирани:

72 год. кардиолошка и белодробна болест

69 год кардиолошка болест

81 год кардиолошка болест и дијабет

76 год кардиолошка болест

64 год белодробно заболување

56 год кардиолошко заболување

12 октомври

6 пријавени за починати, само 1 вакциниран пациент на 80 години – нема хронично заболување;

13 октомври

20 пријавени за починати, 8 вакцинирани:

61 год. кардиолошко заболување и хипотироидизам

80 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет

77 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет

48 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет

72 год. кардиолошко заболување, дијабет и бубрежно заболување

77 год. кардиолошко и белодробно заболување

78 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет

71 год. кардиолошко заболување

14 октомври

13 пријавени за починати, 4 вакцинирани:

75 год. крдиолошко заболување

74 год. кардиолошко заболување и дијабет

64 год. кардиолошко заболување и дијабет

77 год. невромускуларно заболување

вакцинирани Министерството за здравство Починати
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.