НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промовирана книга за Мирослав Крлежа

30
By Нова ТВ on May 12, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


МАНУ и Фондацијата Трифун Костовски денеска го промовираа делото Мирослав Крлежа- 120 години од раѓањето, 100 години од првото доаѓање во Македонија, за кое говореа акад. Томе Серафимовски, акад. Владо Камбовски, претседателот на МАНУ, Трифун Костовски, основач на Фондацијата и акад. Влада Урошевиќ, промотор на изданието.

Во својот текст ВРАЌАЊЕТО НА МИРОСЛАВ КРЛЕЖА, кој е и предговор кон оваа книга, посветена на Мирослав Крлежа, Катица Ќулавкова, вели:

Денес Крлежа повторно се враќа во својата родна Хрватска. Во деновите кога независна Хрватска влезе во составот на Европската унија, на 1 јули 2013 година, инаку блиски до денот на неговото раѓање, хрватската јавност се потсети на визиите на Крлежа за иднината на европската идеја, вклучително и на неговите реминисценции за бројните, иако не секогаш за пофалба, европски цивилизациски констелации.

Мирослав Крлежа, со ова издание, повторно се враќа и во Македонија. Тој и неjзе ѝ припаѓа. И неа ја има задолжено. Тој се има впишано во македонската понова културна историја со неговата емпатична љубов спрема македонскиот народ. Со неговиот восхит пред македонската средновековна уметност. Со неговата почит спрема македонската писменост.

Со свеста дека глаголичната писменост и култура ги има конституирано словенските идентитети, посебно на потегот меѓу Македонија, Босна и Херцеговина и Хрватска. Со сочувството спрема македонските историски и национални трагизми, поделби и неправди. Со интересот за македонската книжевна и културна модерна. Со разбирање за македонските театарски прилики. Со јасната свест за македонскиот идентитет и за неговата посебност. Со својата визија за издавање посебна македонска (општа) енциклопедија. Со својата македонска патописна приказна. Со својата македонска лузна, од времето на неговото прво доаѓање во Македонија, во 1913 година, во екот на балканските војни, кога едвај спасува жива глава.

Ова симболично, но индикативно и неопходно враќање на Мирослав Крлежа во Македонија, се остварува на покана на македонскиот вајар академик Томе Серафимовски, домороден Македонец, Хрват според својот образовен формат и својот семеен, егзистенцијален, јазичен и културен амбиент.

Во делот наречен Прв чин. Скопје, 1913, од текстот со наслов КРЛЕЖА И СКОПЈЕ ВО ТРИ ЧИНА, Горан Калоѓера бележи:

Крлежа доаѓа во Скопје во времето на Втората балканска војна. Неговиот младешки, романтичарски занес со кој повлече многумина да ѝ се приклучат на Србија во својата „праведна“ борба, одеднаш спласнува. Околу него е ужас, терор на српските војници над угнетениот народ за кој веднаш сфатил дека не е српски.

Крвопролевањата на Брегалничката битка (според Станко Ласиќ) дефинитивно ги подриваат идеалите на Крлежа за братството на јужнословенските народи, Крлежа, тука, во Скопје, наместо слобода, братство и култура, сретнал агресивна, милитаристичка и експанзионистичка државна сила.18 Поради ова, подоцна, и ќе напише:

Не сакам да бидам оној арнаутски транспорт помеѓу Велес и Криволак, од месец јуни 1913. Не сакам да бидам скопски полициски писар кој службува со кубурот в рака, не сакам да бидам радикална измама, ниту оваа аграмерска глупост, ниту кафеаната Бауер, ниту компанијата Арбајтерхилф.19 Бунтот на Крлежа е разбирлив. Зачудува како младиот Крлежа, на возраст од дваесетина години, успева да го насети проблемот кој ќе трае во наредните триесет и повеќе години.

Согледува дека ја нема „Јужна Србија“, туку дека на тие простори живеат луѓе од друга националност кои говорат јазик кој не е српски и кои се, буквално, расчеречени од своите соседи, на најлошите можни начини. Затоа, не во шега, туку сериозно, на своите посетители од Македонија, во неговиот дом на Гвозд, Крлежа ќе им рече дека тој бил Македонец пред сите нив: Значи, (вели тој) тука немаше никаков висок степен на свест, но, бездруго, значи, пред тебе бев Македонец…20

… Гледано во тој контекст, не треба да нѐ чудат фрагментите, во разни дела на Крлежа, кои се инспирирани или поттикнати од ужасите на тлото на Македонија. Меѓутоа, тоа е друга тема. Она што е најважно во целата таа 1913 година е средбата на Крлежа со балканскиот југ, со војната, со разорувањата, со смртта на невините и недолжните, со анималните крвопролевања на довчерашните сојузници, што предизвикува крах на неговите поранешни идеали за братство и за солидарност на јужнословенските народи. За Крлежа, младешките идеали се загубени, но останува сознанието дека на територијата којашто се уништува, на територијата на која за малку ќе го загубел животот, живее народ кој не говори српски и кој не е српски.

Впрочем, младиот Крлежа тоа отворено ќе го каже пред господата српски офицери. Траумата на Крлежа од 1913 година, иако подоцна за ова пишува со призвук на иронија и на шега, како и настанот со стравотното брегалничко крвопролевање, неспорно оставиле длабока трага во неговата душа за што, впрочем, најдобро сведочат текстовите во неговиот книжевен опус а кои се инспирирани од Македонија и од нејзината трагична судбина.

Во својата исцрпна студија КРЛЕЖА, ЛЕТО ГОСПОДОВО 2013, авторот Божо Рудеж, меѓу другото, истакнува:

Секоја година, Македонците го одбележуваат и го слават 24 Мај, како Ден на сесловенските просветители. А во црковната и во културната историја на Хрватите, влијанието на Кирил и Методиј било двојно: со своето мисионерство и со писмата, тие не го ширеле само христијанството туку ги поставиле темелите на националниот јазик и на книжевноста…
Кон крајот на IX век, нивните ученици Климент и Наум, како што е познато, во Охрид ја основаат познатата Охридска книжевна школа. Илјадници ученици на таа школа исто така ја ширеле (покрај трите свети писма: хебрејското, грчкото и латинското!) глаголската писменост и култура, и тоа не само низ Македонија и Бугарија туку и по хрватските краишта…

Во XIX век, за проширувањето на хрватско-македонските книжевни и културни врски, најзаслужен е ѓаковскиот бискуп, просветител и мецена – Јосип Јурај Штросмаер кој, како застапник за „народно единство“, во глаголското писмо гледа „златен мост помеѓу Истокот и Западот“…

Меѓутоа, сензибилитетот и наклоноста на Крлежа, неговиот поливалентен и мултидисциплинарен интерес за македонската историја и култура, неговите книжевни и пријателски врски со водечки македонски интелектуалци и со општествено-политички протагонисти, ad personam и ad institutionem (лични и институционални), македонските теми и мотиви во литературата на Крлежа, претставуваат посебно поглавје во хрватско-македонските односи и врски…

(На пример:)

Во 1950 година, Крлежа е преокупиран со монументалната Изложба на средновековната уметност на народите на Југославија, одржана во Париз… Ги надгледувал и подготвителните работи во кои учествувале стотина ликовни стручњаци. Освен предговорот во Каталогот, тој го напишал и есејот По повод изложбата на југословенското средновековно сликарство во Париз, со намера да биде „ductus generalis (дуктус генералис) на париската изложба“, а го објавил во Република (1950, бр. 6). Замислен како plaidoyer pro domo (пледоаје про домо), пред Европа, дава изобилство културно-историски податоци за периодот од XIII до XVI век, кога се создадените изложените дела. Особено внимание Крлежа ѝ посветува на македонската уметност: на фреските од фундусот на Св. Софија (Охрид) и на Св. Пантелејмон (Нерези), на иконите и на иконостасите, по што, македонската средновековна уметност, во полн сјај, ја дочека меѓународната афирмација. (Притоа)

Крлежа пишува:

„Тајната на овие сликари лежи во тоа што убавината на нивните дела и не е нешто друго освен халуцинантно доживување, видовито и секогаш подеднакво сугестивно непосредно, токму во оние теми кои, без нивното субјективно надарено толкување, денес нам не би ни значеле многу бидејќи не веруваме во вистинитоста на библиските објави, ниту сме убедени дека свети Лука е татко на светото црковно сликарство. Тие свети слики се живи и се добри зашто се живи, а не поради тоа што се свети. Тие се добри зашто веќе не се свети, туку се човечки и бидејќи човекот којшто ги сликал во нив го надвладеал она хиерократското што било канонизирано…

Нивната темновиолетова, смарагдно зелена, пастелно зеленикава, ултрамаринска, виолетово-црвена, златна, пастелно сина и цинабаритна палета е тајната на овие мајстори а тие успеале да ја прошират скржавата и сиромашна палета на италијанскиот XIII век во уметноста (duecento) и да го постигнат, на некои свои композиции, чисто барокното осветлување на италијанскиот XVIII век (settecento) и најкасното, импресионистичкото. Некои од тие слики, денес, црно-бело и пастозно, би можел да ги наслика Брак, зелено, Ван Гог или некој подоцнежен разбушавен поединец со програматски акцент од фовистичката париска декадентна школа“.41

Во 1960 година, Крлежа е повторно во Скопје, сега како директор на Лексикографскиот завод.

За тој трет престој во Македонија Крлежа напиша и патописна белешка која, за жал, како и многу други негови записи, остана само како потсетник за поголеми студии и есеи, за нешто со што би било добро дополнително да се позанимава и на што треба допрва да му се посвети. Белешката ја наслови „Viaggio in Pelagonia (Вијаџо ин Пелагонија), 30.IV–1.V, 2.V“ и така уметнички ги овековечи своите македонски импресии…

А дека хрватскиот книжевник Мирослав Крлежа беше и остана Волтер на нашите простори и докажан пријател на Македонија, го потврдуваат и зборовите на Гане Тодоровски, на претставувањето на книгите на Крлежа на македонски јазик, во 1983 година, во Скопје.

Во споменатото претставување на петтомното издание на избор од делата на Мирослав Крлежа, со наслов КРЛЕЖА И МАКЕДОНИЈА, Гане Тодоровски вели:

Крлежа останува во нашата свест како автор на најсугестивната книжевна реч што ја познавале јужнословенските народи откако таа се бележи. Беше Волтер на нашето време. Беше многутомниот хроничар на светата и проклетата Илирија, беше писателот што го следеше со прониклив ум и недоброј асоцијации походот на голите, гладните и босите словенски патувачи „кои понесени од животниот елан допешачија откај Самоедите и откај сибирските тајги до Сплит и Охрид“, беше писателот што ѝ даде своевиден и сопствен печат на уметноста во Титова Југославија, писател што ја заговараше и престоруваше во дело идејата на Вечната Убавина и Апсолутната Вистина. Мирослав Крлежа беше најголемиот духовен светлоносец во историјата на југословенските народи…
… Големото гесло на овој писател од најимпозантен формат беше дека книжевноста не може да биде изолирана од поимот во којшто е нурната и се вика стварност! И уште кажуваше дека кога веќе книжевноста е врзана за стварноста, таа, во секој случај, се вика земјата во којашто живееме и овој јазик на којшто зборуваме, бидејќи тоа е таа materia prima и единственото средство на нашето сопствено книжевно изразување.
Беше и останува голем пријател на Македонија и на македонската култура.

Од импозантниот пиедестал на своето огромно знаење и морална храброст за набљудување на фактите (како што самиот поначесто умееше да каже) изјави дека заправо Нерези покрај Скопје претставува епохален датум во историјата на византиското и западноевропското сликарство. А кога го позлатувавме со струшкиот поетски Венец, изјави дека се чувствувал како Македонец уште од 1913-та година, кога во Скопје требаше да биде стрелан затоа што се обиде да ја брани македонската кауза. Co овојата студија Illyricum sacrum (од 1944) Крлежа посведочи дека знае не само за Нерези, но и за Курбиново и Старо Нагоричани, за Скопска Црна Гора и охридската Света Софија, за Стоби и Хераклеја, за богомилите и балканските војни, за Илинден и македонските трауми и парадокси. Крлежа беше пример на познавач на Македонија од највисок ранг. Имаме многу причини и да го читаме и да го почитаме.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.