Само неколку недели не делат од многу пропагираниот Самит за демократија на претседателот Џо Бајден. Дали тој ќе има трајно влијание, е друго прашање.
Соработниците на Бајден сè уште ја обликуваат агендата за виртуелниот самит од 9 до 10 декември, а голем дел од нивната работа е доверлива. Списокот на поканети влади не е објавен, иако ПОЛИТИКО во четвртокот успеа да добие една верзија.Сите планови се пробни, а граѓанските групи се жалаат дека се маргинализирани.
Една, малку нејасна иницијатива за која тимот на Бајден разговараше за покренување за време на самитот, а според документите до кои дојде ПОЛИТИКО, е меѓународна алијанса за промовирање на слободата на интернет – наречена „Алијанса за иднината на Интернет“. Американските функционери, исто така, доставија листа на потенцијални обврски што другите земји можат да ги преземат, како што се зголемување на средствата за програми за медиумска писменост или воведување контроли при извоз на некои технологии со двојна употреба.
Севкупно, разновидноста на идеи го нагласува ставот на Бајден дека зајакнувањето на светските демократии во време на зголемен авторитаризам бара алатки надвор од обичната реторика за слободни и фер избори. На крајот на краиштата, Бајден е домаќин на самитот во текот на годината во која беа забележани најмалку шест државни удари во земјите од Мјанмар до Судан.
Но, не е јасно колку земји кои ќе присуствуваат на самитот ќе се пријават за преземање обврски или колку ќе го следат. Иако се чини дека ниту една од предложените обврски не е меѓународно обврзувачка.
„Симболиката на собирот е важна, но вистинската промена останува да се види“, рече Стивен Фелдштајн, висок соработник на Фондацијата Карнеги за меѓународен мир. „Има многу големи прашања на масата кои првичниот собир нема да ги реши, како прашањето што да се прави со послабите демократии кои покажуваат уназадување“.
Портпаролите на Националниот совет за безбедност со седиште во Белата куќа не понудија коментар за оваа приказна. Но, лице запознаено со претстојниот самит го истакна постојано менувачкиот статус на идеите за кои се дискутира: документот што ја опишува технолошката алијанса, на пример, е „превземен од настани“, но не кажува што значи тоа.
„Целосно хобсова иднина“
Документот што го изложува предлогот за технолошка алијанса е означен како „Не-документ//Само за цели за дискусија“. Се тврди дека една од причините да се започне таков сојуз предводен од демократите е да се спротивстави на подемот на „алтернативната визија за Интернетот како алатка за државна контрола промовирана од авторитарни сили како Кина и Русија“.
Основните принципи на алијансата би вклучувале: колективна посветеност да се развијат и имплементираат високи стандарди за приватност на податоците, безбедноста на податоците и сајбер безбедноста; посветеност на соработка за регулација на технолошката платформа и интегритет на информации; и посветеност да се воспостави форум за техничка соработка за стандардите за сајбер безбедност и одговор на инциденти.
Дополнително, предлогот повикува на посветеност на обезбедување отворен и интероперабилен пристап за софтвер и апликации меѓу членовите; недискриминација во домашната регулатива; и заедничките обврски во врска со локализацијата на податоците.
„Во спроведувањето на овој предлог, нудиме колективен одговор на активностите на се поголем број земји, особено авторитарните земји, и на тој начин избегнуваме спуштање кон целосно хобсова иднина, се наведува во документот.
Не е јасно како сојузот би се разликувал од постоечките мрежи како што е Коалицијата за слобода на Интернет. Според текстот на писмото што го видел ПОЛИТИКО, луѓето поврзани со таа коалиција го повикуваат тимот на Бајден „да побара придонес од повеќе засегнати страни додека размислувате за создавање нови иницијативи кои може да се дуплираат или да го префрлат фокусот или ресурсите од работата на ФОК. .“
Лицето запознаено со ситуацијата рече дека администрацијата на Бајден ги ангажира застапниците на ФОК и е целосно свесна за нејзината загриженост, но дека идејата за алијансата не мора да биде во спротивност со американската поддршка за ФОК – чиј член се САД. .
Во голема мера поради кризата „Ковид-19“, администрацијата мораше да ги намали очекувањата за самитот во декември, чие свикување беше едно од најконкретните надворешнополитички ветувања на Бајден за време на претседателската кампања во 2020 година.
Првичната идеја беше да се одржи еден самит на светски лидери со физичко присуство, во првата година на Бајден на претседателската функција. Наместо тоа, администрацијата сега планира да биде домаќин на првиот, виртуелен самит во декември, по што ќе следи „година на дејствување“ што ќе кулминира со втор, веројатно собир во 2022 година со физичко присуство.
Во бреинстормирањето идеи за самитот, претставниците на администрацијата излегоа со „Илустративно мени на опции“ за обврските што САД би можеле да ги бараат од различните земји поканети на собирот. Тој документ вклучува низа потенцијални обврски кои спаѓаат во трите главни теми на самитот: борба против корупцијата, одбрана од авторитаризам и унапредување на човековите права.
На пример, земјите може да бидат охрабрени да свикаат заедничка комисија за спроведување на законот и граѓанското општество која ќе се занимава со прашањата за човековите права. Или би можеле да се кандидираат за место во комитетот на Обединетите нации кој се занимава со невладините организации како начин да се спротивстави на влијанието на авторитарните влади како Кина. Или би можеле да ветат дека ќе користат алатки како што се извозни контроли и санкции за да ја ограничат способноста на другите влади да таргетираат неистомисленици преку границите.
Еден од документите до кои дојде ПОЛИТИКО се чини дека е збирка од достигнувањата на администрацијата на Бајден, кои американските власти планираат да ги наметнат за време на декемврискиот самит.
Таа листа вклучува создавање на Совет за родова политика на Белата куќа; Извршните активности на Бајден дизајнирани да го подобрат пристапот до гласање; и објавувањето на „првата Национална стратегија на САД за борба против домашниот тероризам“.
Исклучување на граѓанското општество?
Додека Белата куќа продолжува со планирањето за виртуелниот самит, граѓанските организации изразија зголемена фрустрација поради, како што велат, нивната маргинална улога на глобалниот собир.
Различни водачи на невладини организации и други активисти споделуваат нацрти на писма и белешки со цел да се притисне Белата куќа да ги ангажира и да им даде повеќе време за настап на самитот. Во моментов, огромен дел од виртуелниот настан се чини дека е посветен на триминутните говори на присутните владини лидери.
Лицето запознаено со ситуацијата истакна дека администрацијата активно ангажира надворешни групи и дека „ќе го вклучи граѓанското општество значајно во секој аспект од самиот самит… Самитот не се однесува само на странски шефови на држави“.
За време на состанокот во четвртокот со застапниците на граѓанското општество, претставници на администрацијата го прочитаа списокот на влади што треба да бидат поканети а кој се наоѓа на следниот линк https://www.politico.com/f/?id=0000017c-ec87-df97-a9ff-fcffee940000 , на кој на листата како земја која треба да биде поканета фигурира и Северна Македонија. Од администрацијата кажаа дека ќе има најмалку 17 одобрени официјални споредни настани за време на самитот. Некои од тие споредни настани ќе вклучуваат претставници на граѓанското општество, на администрацијата.
Тешко е да се каже до каде ќе одат таквите гаранции.
Во еден меморандум што го виде ПОЛИТИКО, некои групи на граѓанското општество ја повикуваат администрацијата „да ја нагласи важноста на владите учеснички да се консултираат со граѓанското општество и другите засегнати страни за нивните заложби на начини кои се инклузивни и навремени“.
Меморандумот, исто така, ја повикува администрацијата „да го објави списокот на поканети земји за партнерите од граѓанското општество во тие земји, да бидат повеќе свесни за можностите што ги имаат“.
„Срамота е што овој првичен настан во декември не е поинклузивен“, рече Сара Репучи, висок функционер во Фридом Хаус, организација која го следи здравјето на демократиите ширум светот.
Додека протекоа некои детали за поканетите, администрацијата официјално не објави целосна листа. Некои земји, како Турција и Унгарија, не се поканети бидејќи нивните лидери со години ги поткопуваат нивните демократски системи. Тајван е меѓу поканетите, според списокот добиен во четвртокот.
Репучи рече дека е важно да се одржи самитот, во најмала рака да се испрати сигнал до навидум охрабрените авторитарни држави, особено Кина и Русија.
„Важно е што прават демократиите“, рече Репучи. „Тие треба да дадат позитивен пример и да се здружат, бидејќи диктатурите се здружуваат“.п