Избор од поезијата на Игор Исаковски “S.kter Git Isakovski” („Е… се, Исаковски“) е објавен во Турција, кај издавачот Делта а во избор и превод на турскиот поет Гокченур Челебиоглу.
Исаковски ќе има промотивни читања во Истанбул на 23 и 25 мај, во организација на Делта а со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.
Досега, преведени книги од Исаковски се објавени и во Црна Гора, Велика Британија, Словенија, Хрватска, Холандија и Србија, а делови од неговото книги се преведени на осумнаесет јазици и објавени во повеќе од дваесет земји.
Насловната песна:
Е…СЕ, ИСАКОВСКИ
(ете ми наслов за некоја идна збирка поезија)
е… се, исаковски (да продолжиме)
со твојата надменост над смртта
со твојата надменост над животот
со твоето плукање врз секојдневието
е… се, исаковски, ти и твоите
замисли за подобар свет
кога и овој каков-таков
го пое…. колку можеш
е… се, исаковски, нашите деца
никогаш нема да ги читаат твоите срања
фала богу, имаме ние луѓе на позиции
и соодветни кадри за паметни решенија
е… се, исаковски, ти и сите твои
зашто додека ти плукаш врз лицемери
и малограѓани, ние просто се множиме
и се плодиме (ко е… бацили, би рекол ти!)
е…се, исаковски, и нека се е… сите слични
на тебе – ќе ви земеме мерка и проверка
во првиот згоден момент. ако не сте со нас
тогаш сте секогаш и вечно против.
тибам сè исаковски, пак ти..!