Бугарскиот патријарх Неофит упати сочувство за трагичниот инцидент на автопатот Струма, соопшти Одделот за односи со јавноста на Светиот синод на Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија.
„Браќа и сестри, денеска во раните утрински часови ја примивме веста за трагичната несреќа со автобус на автопатот Струма, во која патуваа 53 лица – државјани на Република Северна Македонија. Нашите браќа и сестри, меѓу кои и деца, загинаа, а седуммина беа повредени. Инцидентот однесе многу животи, а семејствата се обземени во неутешна тага“, рече патријархот Неофит.
Патријархот додава дека „во овие тешки моменти се сеќаваме на вистината за краткотрајноста на човечкиот живот, имено дека смртта доаѓа во миг и зема се…“.
„Во неделата кога се молиме за загинатите во сообраќајни несреќи, оваа најнова трагедија јасно ни покажува дека сообраќајните несреќи и инцидентите се резултат на многу фактори. Со татковска загриженост им се обраќаме на сите оние кои возат да бидат разумни и одговорни на патот. Искрено го молам нашиот Отец Небесен да ги упокои душите на загинатите во големата катастрофа! Бог да им прости и да ги упокои таму каде што почиваат праведниците! Изразуваме сочувство до семејствата на загинатите. Господ секогаш да им дава утеха! Со љубов во Христа“, напиша бугарскиот патријарх Неофит во своето сочувство.