Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија – земја која 12 години нема попис

0
By Томе Христов on June 5, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 5, 2014 10:55

Пописот не значи пребројување на населението по етничка основа, туку е статистичка операција која дава увид во состојбата на теренот и обезбедува релевантни податоци врз основа на кои ќе се креираат понатамошните политики и стратегии во сите области, оваа поента беше истакната на вчерашната дебата во Струмица „Пописот е демократија, а не само етничка бројка“.

Панелисти на дебата беа Цветанка Иванова, правник, Јоже Христов, д-р Катерина Кузмановска и Бојан Маричиќ од Македонски центар за европско образование.

„Македонија е една од ретките земји која веќе 12 години нема спроведено попис, со што покажува дека не е способна да организира една статистичка операција и не ги исполнува меѓународните обврски. Според светските стандарди, пописи на населението се одржуваат на секои десет години“, истакна Цветанка Иванова.

Дискутантите ги потенцираа причините за неуспешноста на пописот во 2011 година. Според нив, власта, односно ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, однапред се договориле пописот да биде неуспешен, пред се поради избирачкиот список.

„Нив не им одговора избирачкиот список да биде прочистен, бидејќи на тој начин нема да можат да спроведуваат избори по нивни терк. Во услови кога не знаеме колку население живее во државата, колку вкупно гласачи имаме, власта може да манипулира со бројките, да издава по две, три, пет биометриски лични карти на еден човек и на тој начин да победува на изборите. Без спроведен попис, не може да говориме за фер и легитимни избори“, истакнаа дискутантите.

Иванова кажа дека за неуспешниот попис се потрошени 14 милиони евра за разлика од успешно спроведениот попис во 2002 кога биле потрошени 7 милиони евра.
Д-р Кузмановска се осврна на важноста од релевантни статистички податоци во здравството кои би биле обезбедени со пописот.

„Во моментот, кога не знаеме колку вкупно жители имаме во општината, не можеме да дадеме точни податоци за наталитетот, морталитетот и фертилитетот во заедницата. Во здравството вршиме одредени истражувања кои покажуваат дека природниот прираст на населението е намален, но сепак, не можеме да говориме за точен процент, затоа што не знаеме дали има промени во однос на вкупниот број на население во општината“, истакна Кузмановска.

На дебатата беше кажано дека насекаде во светот пописот претставува техничка, а само кај нас политичка операција, која зависи од волјата и договорот на партиите на власт.

„Целта на кампањата е да им се објасни на граѓаните дека пописот е многу поважен отколку што се прикажува во јавноста и дека тој е многу повеќе од етничко пребројување на заедниците. Податоците од пописот кои требаше да ги имаме треба да и помогнат и на државата и на општините да ги планираат политиките во сите области. Нашето истражување покажува каде податоците можат да бидат корисни и зошто без нив е многу тешко да се креираат политиките, односно зошто на Владата и одговара да нема податоци за попис, бидејќи на тој начин се остава еден бришан простор за водење на своеволни политики. Со кампањата сакаме да ги поттикнеме граѓаните да бараат пописот да се случи што поскоро“, потенцираше Маричиќ.

Дебатата е дел од кампањата „Попис веднаш“!,организирана од страна на НВО Инфоцентарот, Македонскиот центар за европско образование (МЦЕО), Центарот за развој на медиуми (ЦРМ) и 8-ми Септември, со поддршка од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, спроведуван од Фондацијата Отворено општество Македонија. Освен во Струмица и Тетово, вакви дебати ќе бидат организирани и во Битола, Струга и Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.