НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва финале на 23. „Таксират“ со Брејча, Партибрејкерс, Мизар, Санаториум…

0
By Sashko on December 7, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со вкупно 14 настапи на три бини, вечер во Спорсткиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи финалето на 23-то издание на „Таксират“ – најголемиот зимски урбан музички фестивал во Југоисточна Европа.

За големото затворање на овогодишниот „Таксират“ пристигнуваат водечки светски, регионални и домашни музички уметници на електронската, рок, метал и трап/хип-хоп сцена.

Како што информираат организаторите, на главната бина на „Таксират“, посетителите ќе уживаат во премиерниот настап во земјава на маестро Борис Брејча, истакнат суперхерој на светската електронска сцена и еден од најбараните изведувачи на денешницата. И покрај веќе трасираните музички правци, тој, сепак одлучи да создаде свој звук и дочека неговиот „хај-тек минимал“ да биде еден од најпопуларните електронски стилови денеска, а тој да настапува на сите најголеми светски фестивали со препознатливата „џокер“ маска. Заедно со Брејча, од Германија пристигнува и неговата долгогодишна соработничка, харизматичната ЕН КЛУ – позната по своите непредвидливи сетови и посебна енергија.

Исто така, на главната бина ќе настапат и три исклучително значајни, легендарни музички имиња од македонската и регионалната сцена и тоа: неуништливите „Партибрејкерс“, еден од највлијателните и најистрајни рок бендови во регионов кои веќе 40 години воодушевуваат испорачувајќи моќен звук на сцена; култната „Мизар“ – ѕвездата водилка на македонската музичка авангардна, алтернативната рок група која важи за пионер на дарк-вејв естетиката во регионот; и најзначајната македонска треш-метал група „Санаториум“ – подеднакво култно име кое три децении е музичка лектира на балканската метал-сцена.

Втората бина, лоцирана во малата сала на С.Ц. „Борис Трајковски“ е резервирана за највлијателниот трап/хип-хоп звук од земјава и регионот, кој ќе се чуе преку настапите на „З++“ од Хрватска, „Црни Церак“ од Србија и македонските предводници на жанрот „Бон Праскиза“, „Јанг Дади“, „Ајри Скреч“ и „Шорти Пи“.

Третата бина „SILENT DISCO“ ќе понуди музичка селекција од страна на три докажани диџејски имиња кои владеат со подиумите низ македонските клубови, а кои оваа вечер во исто време ќе застанат зад диџејскиот пулт, додека посетителите преку слушалки ќе можат да ги менуваат трите фреквенции избирајќи го својот омилен ритам за танц. Влезот за посетителите ќе биде отворен во 19 часот.

Фестивалот ќе се одржи во согласност со актуелните безбедносни протоколи со ограничен капацитет, а влезот ќе биде овозможен само на посетителите кои имаат документ/сертификат дека примиле две дози вакцина против ковид-19 или дека го прележале вирусот во последните 45 дена, информираат организаторите.

Со цел да се избегнат гужвите при влез на настанот, тие апелираат до сите посетители да дојдат порано, односно најмалку еден час пред настапот од програмата кој не сакаат да го пропуштат. Сите оние кои билети купиле онлајн не треба да вршат замена на ваучерите за билети, туку треба само да ги приложат интернет ваучерите (ПДФ документот во нивниот и-мејл) при влез на Фестивалот, испечатени или од нивниот мобилен телефон.

„Таксират“ Борис Брејча Македонија Мизар Партибрејкерс Санаториум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.