НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ретроспектива од папството на Бенедикт XVI

0
By on February 11, 2013 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На 19 април, 2005 година, на 78 годишна возраст Кардиналот Ратцингер беше избран за 265. Папа и го одбра името Бенедикт 16. Тој го наследи Папата Јован Павле втори кој почина на 2 април.

18-21 август 2005 година

Папата Бенедикт 16 ја посети Германија, прв пат откако беше избран. Тој присуствуваше на 20. издание на Денот на младите во Келн.

26 мај 2006 година Посета на Полска

Папата ја посети Полска и Аушвиц. За Германците кои против нивна волја биле регрутирани во “Хитлеровата младина“, како тинејџери, а подоцна и во нацистичката армија, ова беше од големо значење за католичко-еврејските односи.

12 септември 2006 Забелешките од Регензбург

Забелешките на Папата дадени на Универзитетот во Регензбург повлекоа масовни протести ширум светот. Во неговиот повик за морал, папата Бенедикт 16 цитираше византиски император кој исламот го нарекол „зол и нечовечен“. Подоцна тој тврдеше дека тие зборови „на ниту еден начин не биле негови“ и дека не го одразувале неговото лично уверување.

28 ноември – 1 декмври 2006 Посетата на Турција

Папата ја посети Сината џамија и стана вториот Папа во историјата што посетил џамија. Тој се сретна и поглаварите на Православната црква, како дел од неговите заложби за надминување на вековните разлики со источната православна црква.

9-13 мај 2007 Патување во Бразил

За време неговата посета на Бразил, Папата се сретнал со латиноамериканските бискупи, а неговата изјава дека Латиноамериканците „тивко копнеат“ по христијанството, предизвика контроверзи. Една недела подоцна, во Рим, тој ретерираше од оваа своја изјава, признавајќи дека христијанските колонизатори му нанеле многу неправди и страдања на домашното население.

9 јуни 2007

Во Ватикан го прима претседателот Џорџ Буш помладиот. Втората посета на Буш ќе се одржи на 13 јуни 2008 година.

13 јули 2007 Папата станува „зелен“

Папата прогласува дека Ватикан е првата „јаглеродно неутрална“држава во светот. Тој исто така, порача соларни панели за салата на Павле Шести во Ватикан.

7-9 септември 2007 Посета на Австрија

Ја посетува Австралија која во тоа време ја тресе голем скандал со вмешаноста на свештени лица во сексуално злоставување. Тоа значеше почеток на признавањето на Европа дека кризата со злоставувањето не се случува само во Америка.

15-21 април 2008 Посета во САД

Посетата на САД, на Папата беше со набиена агенда. Со претседателот Буш тој ја јадеше својата роденденската торта, за својот 81 роденден, се сретна со жртвите на сексуалното злоставување, се обрати во Обединетите нации, се молеше на „Граунд зеро“, служеше миса во Националниот парк во Вашингтон и на стадионот на Јенките во Њујорк.

13-21 јули 2008 Извинување во Австралија

Папата ја посетува Австралија за Светскиот ден на младите и јавно се извинува за сексуалното злоставување на децата.

24 јануари 2009 Конторвезата Вилијамсон

Случајот на англискиот бискуп Ричард Вилијамсон за кој медиумите открија дека не го признава холокаустот на Евреите. На 12 март, Папат издаде писмо во кое пишува дека овој случај не треба да се гледа како неуспех на Црквата. Случајот заврши со екскомуникаија на четворица бискупи.

17-23 март 2009

Папата ги посетува Камерун и Ангола, земји погодени од епидемија на СИДА. Во авионот им изјавува на медиумите дека вознемирувачките кондоми не се решение за ширењето на болеста, туку дека го „зголемуваат проблемот“.

8-15 мај 2009

Папата ги посетува Јордан, Израел и Палестина и ги осудува оние кои го одрекуваат холокаустот и ги охрабрува католиците и христијаните во Светата земја да ја штитат верата.

10 јули 2009

Папата го прими претседателот Обама во официјална посета на Ватикан.

24 декември 2009 Страв за безбедноста

За време на мисата во базиликата „Свети Петар“, една жена се одвои од толпата луѓе и скокна кон Папата и го собори на земја. 82- годишниот Бенедикт не беше повреден.

Април, мај и јуни 2010

Во април, Папата ја посети Малта каде се сретна со неколку жртви на сексуално злоставување од страна на свештеници. Во мај ја посети Португалија, а во јуни на Кипар се сретна со поглавари на Православната црква.

Ноември 2010 „Светлината на светот“

Интервјуто на Папата со германскиот новинар Петер Сивалд насловено „Светлината на светот“ предизвика конфузија околу ставовите на Католичката црква за употребата на кондомите. Ватикан појасни дека „секој што е заразен од ХИВ или СИДА треба да употребува кондом како прв чекор кон одговорноста за ризикот по живот на партнерот“.

1 мај 2011 Беатификација

Папата раководи со беатификацијата на папата Јован Павле втори, на плоштадот „Свети Петар“, пред околу еден милион верници.

21 мај 2011 Интернационална вселенска станица

Папата разговара со 12 астронаути во интернационалната вселенска станица, за време на мисијата на шатлот Ендевур. Ова беше прв пат еден Папа да разговара со луѓе во вселената.

18-21 август 2011

Папата ја посети Шпанија за Светскиот католички ден на младоста, за време неговата посета не престанаа протестите на Шпанците против лошата економска политика на владата.

9 октомври 2011

84 годишниот Папа се лизнува од движечката платформа, за која Ватикан вели дека ја чува енергијата на Папата. Подоцна е објавено дека боледува од артритис.

20 декември 2011 Прогласување на светци

Папата го канонизира за светец Катери, Мохиканец којво 17. век го примил христијанството. Ова е прв Индијанец од територијата на САД прогласен за светец. Тој, исто така, ја прогласува за светица Маријана Коуп од Хаити, која го посветила животот на помагање на лепрозните.

23 март 2012

Прв пат во јавност се појавува со бастун.

14-16 септември 2012

Папата ги посетува Либанон и говори против прелевањето на насилствата од соседна Сирија

12 декември 2012 #Понтифекс#

Откако ги покани верниците ширум светот да му поставуваат прашања, Папата го отвори својот твитер профил „Понтифекс“. Неговит твитер го следеа над 3 милиони луѓе, на 8 јазици. До крајот на 2012 година, тој напиша 14 постови.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.