НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Алкалоид“ го објави бизнис планот за 2022 година – очекува зголемен приход од 224 милиони евра

0
By НОВА ТВ Mitreska on December 30, 2021 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најголемата домашна фармацевтска компанија „Алкалоид“ проектира раст на приходите за 8 отсто во идната 2022 година. Во нивниот јавно достапен бизнис план за идната година пишува дека продажбата на асортиманот на „Алкалоид“ (консолидирано) се очекува да достигне 224 милиони евра. 

Од тоа продажбата на фармацевтски артикли ќе учествува со 87 отсто,а асортиманот на билкарство, козметика и хемија со 13 отсто во вкупната продажба. Извозот на „Алкалоид“ во вкупната продажба се очекува да учествува со 65 отсто, а пласманот на домашниот пазар ќе учествува со 35 отсто.

Бизнис планот на компанијата предвидува дека во 2022 година во материјални и нематеријални средства да се инвестираат 14 отсто од консолидираните приходи на друштвото.  

Најголемата македонска фармацевтска компанија „Алкалоид“ воедно е и пример за корпоративно одговорно однесување. „Алкалоид“ денеска го објави финансискиот календар за 2022 година во кој детално се наведени сите ценовно чувствителни информации за следната година кои се корисни потенцијалните инвеститори да антципираат вложувања таа акција.

Најкорисна информација на инвеститорите во акции веројатно ќе биде потврдата од календарот за исплата на дивиденда од успешното работење за 2021 година. Акционерското собрание ќе се одржи во првите 11 дена на април, а точките за дневниот ред ќе бидат објавени еден месец претходно. „Алкалоид“ е прва компанија која објави дека ја продолжува повеќегодишната традиција за објава на дивиденда. Износот што беше исплатен годинава за ланската добивка е 400 денари, а согласно корпоративната политика на „Алкалоид“ може да се очекува и повисока дивиденда од исплатената за 2020 година.

Воедно финансискиот календар ги содржи и термините за објава на кварталните информации за финансиското работење на „Алкалоид“. Календарот завршува со објава на бизнис планот за 2023 година.

Оваа конзистентна деловна пракса на „Алкалоид“ е значаен доказ за реномето што го има таа акција која во инвеститорската заедница важи за посилна или барем рамна на државна обврзница.

2022 година Алкалоид зголемен приход
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.