НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓоковиќ врачувал пехари на деца спортисти додека бил позитивен на Ковид-19?

0
By Biljana on January 8, 2022 СПОРТ
Фото: Тениски сојуз на Србија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој во моментов се наоѓа во емиграциски притвор во Автралија, бил позитивен на Ковид-19 на 16 декември, поради што бил ослободен од вакцинација, велат неговите адвокати во судските документи.

Како што објави Би Би Си, адвокатите на Ѓоковиќ доставиле документи со кои тврдат дека српскиот тенисер на 16 декември бил позитивен на Ковид-19, врз основа на што добил медицинско ослободување за „Австралија Опен“.

Но, по ова се појавија нови информации кои го доведуваат во прашање целиот случај.

Според соопштението на Тенискиот сојуз на Белград, следниот ден, на 17 декември, Ѓоковиќ без маска присуствувал на свеченост што се одржала во Белград во чест на младите српски играчи.

Во соопштението објавено на 17 декември, Тенискиот сојуз на Белград на својата Фејсбук страница објави дека „најдобриот тенисер на планетата“ и „носител на 20 Грен слем титули“ им ги доделил пехарите и дипломите на младите тенисери во Белград.

„На церемонијата на врачување на наградите што се одржа во тенискиот центар во Белград, присуствуваа само наградените деца поради здравствените протоколи поврзани со пандемијата на коронавирус“, се наведува во соопштението.

Во прилог на соопштението објавени се и неколку фотографии на кои Ѓоковиќ позира со дваесетина тинејџери и членови на федерацијата, а никој од нив не носи заштитна маска.

„Претседателот на белградскиот тениски сојуз, Милан Славковиќ, му врачи на Ѓоковиќ признание за сето она што досега го постигнал во тенисот и спортот воопшто, за сите успеси и добронамерост што секојдневно ги шири низ светот“ се вели во објавата.

Еден ден претходно, кога тестот на Ѓоковиќ бил направен и добил позитивен резултат, тој присуствувал на уште еден јавен настан – промоција на поштенска марка со неговиот лик.
Настанот се случил се во српски „Пошти“ во Белград каде било претставено уникатно издание на комеморативни поштенски марки со наслов „Тенис: Новак Ѓоковиќ, првиот светски рекет“. Фотографија од настанот тенисерот објавил и на неговиот профил на Инстаграм.

Српскиот тенисер во средината на неделата отпатува за Австралија, откако доби медицинско ослободување од вакцинација за учество на „Австралија опен“, но по пристигнувањето во земјава му беше укината визата.

Оттогаш тој е во Прифатен центар во Мелбурн и чека одлука на неговата жалба. Австралиските власти најавија дека одлуката ќе биде позната во понеделник наутро.

Новак Ѓоковиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.