НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стотици канадски возачи на камиони протестираа против задолжителната вакцинација

0
By НОВА ТВ Balaban on January 29, 2022 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Овие протести се национални по обем. Тие се огромни. За жал, тие се поларизираат“, изјави вчера началникот на полицијата во Отава, Питер Слоули.

Стотици канадски возачи синоќа одржаа протест со камиони до Отава против барањето за вакцинација доколку сакаат да ја преминат границата со САД.

Учесниците во, како што го нарекуваат „Конвојот на слободата“, кој привлече се поголемо внимание во последните денови, патуваат кон канадскиот главен град од најоддалечените провинции на земјата, како што се Британска Колумбија и брегот на Пацификот. Местото за собирање на демонстрантите е центарот на Отава.

Од средината на јануари, Канада и САД бараат вакцинација против ковид-19 за возачите на камиони кои ја преминуваат границата. Некои возачи го осудија воведувањето на барањето. Основачот на Тесла, Илон Маск, објави на Твитер во четвртокот поддршка на канадските возачи на камиони.

„Овие протести се национални по обем. Тие се огромни. За жал, тие се поларизираат“, изјави вчера началникот на полицијата во Отава, Питер Слоули. Тој не можеше да каже колкав ќе биде веројатниот број на камиони или демонстранти, но предупреди на „големи проблеми со безбедноста во сообраќајот“ во главниот град и побара од луѓето да избегнуваат излегување на улиците. Слоули рече дека организаторите на протестот и кажале на полицијата дека ќе биде мирен, но предупреди дека некои луѓе би можеле да му се придружат за да „поттикнат омраза и насилство“. Цел може да бидат и политичари во федералниот главен град, предупреди началникот на полицијата.

Некои бизниси веќе се затворени за викендот, објавија локалните медиуми, објавувајќи снимки од пристигнувањето на првите камиони во близина на парламентот.

возачи на камиони канадски протестираа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.