НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Учениците се враќаат во училиштата, почнува второто полугодие на учебната година

0
By Sashko on February 1, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По едномесечниот, продолжен зимски распуст, околу 255.000 ученици денеска се враќаат во училишните клупи за второто полугодие од учебната 2021/2022 година. Поради влошената епидемилошката состојба и проценката дека земјата се наоѓа на врвот од ковид-заразата, наставата не почна на 20 јануари и беше одложена за десетина дена по препорака на Главниот координативен кризен штаб и со одлука на Владата.

И покрај пролонгираниот почеток, учебната 2021/2022 ќе заврши во редовниот термин – 10 јуни и за таа цел Владата на седница веќе го утврди бројот на наставни денови во вонредни околности. Во сите училишта (основни и средни) се утврдени 172 наставни денови, освен за средношколците во завршна година за кои се утврдени 158 поради нивните обврски за државната матура и  полагањето на двата екстерни испита закажани за 4 и 13 јуни.

Ставот на надлежните во здравство и образование е учебната година, како и во првото полугодие, да продолжи со физичко присуство, со примена на антиковид-протоколите, така што и натаму остануваат како резервни другите две сценарија што беа подготвени летото – настава на далечина и комбинирана настава со ротации на ученици во иста паралелка.

Првата детска амбасада „Меѓаши“, Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) и опозициската ВМРО-ДПМНЕ деновиве побараа од Владата да ја преиспита одлуката и наставата да продолжи онлајн затоа што се високи бројките на новозаразени со ковид-19, чести се и реинфекциите што се должи на брзото ширење на сојот омикрон.

Според министерот за здравство Беким Сали, одлуката е донесена откако е проценето дека епидемиолошката состојба дозволува настава со физичко присуство.

Според нашите податоци, нема потреба од онлајн-учење во овој момент. Епидемиолошката состојба се менува секоја недела, а врз основа на тие податоци ние и ги носиме одлуките, рече Сали во петокот кога најави скрининг по случаен избор меѓу учениците како превентивна мерка.

И ресорниот министер Јетон Шаќири укажа дека состојбата постојано ќе се следи и МОН ќе биде во постојана комуникација со Комисијата за заразни болести и со Кризниот штаб.

Тој во средата изјави дека одлуката ќе била лесна ако била истата варијанта од вирусот како што беше во септември и октомври, затоа што во првото полугодие заразата во училиштата беше стабилна и, според малиот број на новозаразени и активни случаи, училиштата не биле средини каде што таа се шири.

Сега има нова варијанта, но и тоа не значи дека почетокот на второто полугодие со физичко присуство ќе го зголеми бројот на заразени. МОН ќе биде во постојана комуникација и секој ден ќе има средби со директорите на основните и на средните училишта, изјави Шаќири, посочувајќи притоа и дека градинките се постојано отворени, а функционираат и други сектори.

Во донесувањето на одлуката предвид е земен и повикот на УНИЦЕФ училиштата да бидат отворени поради придобивките од физичкото присуство на наставата. По одлуката на Владата од 17 јануари за одложување на стартот на второто полугодие, Канцеларијата на УНИЦЕФ во земјава веднаш повика тоа да биде привремена мерка.

Претставничката Патриција ДиЏовани во пишана изјава до медиумите нагласи дека отворањето на училиштата треба да биде приоритет за целата држава, затоа што децата се соочуваат со поголеми ризици кога се надвор од училиште отколку во училиште.

Таа смета дека превентивните мерки во училиштата се ефикасни и дека физичкото присуство на настава во училиште се чини не е главниот двигател на ширење на инфекцијата.

За последниот месец од наставата во 2021 година податоците покажуваат многу ниска стапка на заразување со само 0,01 процент нови случаи дневно кај учениците и 0,03 проценти кај наставниците. За споредба, во двете недели кога училиштата беа затворени за зимски распуст, бројот на новозаразени случаи кај сите возрасни групи се зголеми за четири пати, од приближно 2.600 на 11.000 потврдени позитивни случаи. Овие сознанија треба да ги искористиме за да направиме сè што можеме да ги одржиме училиштата отворени и децата безбедно да следат настава во училниците, наведе ДиЏовани.

Предупреди и дека уште еден бран на затворање училишта би бил катастрофален за децата зашто и пред пандемијата на ковид-19, како што посочи, Северна Македонија веќе се соочуваше со криза во учењето и повеќе од половина од сите петнаесетгодишници во земјата не успеваа да ги достигнат основните нивоа на вештини за читање и математика.

Северна Македонија веќе имаше најдолготрајно затворање на училишта во регионот, кога училиштата во земјата беа затворени вкупно 54 недели, во споредба со просекот од 24 недели во регионот на Европа и Централна Азија. Повеќе од 60 отсто од наставниците изјавија дека бројот на ученици што имаат тешкотии во совладувањето на наставните програми се зголемил во овој период. Долготрајното затворање на училиштата на ниво на целата држава, ограничените ресурси за учениците, наставниците и родителите и немањето пристап до далечинско учење го уназадија деценискиот напредок во образованието и го направија детството непрепознатливо, истакна претставничката на УНИЦЕФ.

Со претставништвото на УНИЦЕФ и со Комисијата за заразни болести се согласува и Сојузот на средношколци кој вчера ја поздрави одлуката за настава со физичко присуство. На Генерално собрание Сојузот едногласно го потврдил својот став од пред две години дека наставата треба да се одвива во училиштата, а во најлоша ситуација препорачува да биде комбинирана, а не целосно онлајн.

„Првото полугодие помина целосно со физичко присуство, а стапката на заразеност беше екстремно ниска – факт што покажува дека училиштата биле најбезбедните средини за средношколците. Веруваме дека полугодието не треба да почне на далечина, туку во самите училишта бидејќи наставата ќе биде квалитетна и интерактивна, оценката ќе биде валидна, физичкото здравје ќе биде зачувано, менталното здравје ќе биде запазено, социјализацијата меѓу средношколците ќе продолжи да биде во училиште. Ваквата одлука е потребна за образованието да биде државен приоритет број еден“, соопшти Сојузот на средношколци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Италија воведе нови, високи казни против фрлањето ѓубре на јавни места, ќе важат и за туристите

August 19, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.